Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

СЛАТКА ДОБИВКА НА ЕВРОПА: Планот за вкупната продажба за 2021 е остварен со 103,8%, а профитот е скоро 1 милион евра

2 мар. 2022 г.·2 мин читање·2975 прегледи

Следете не на Viber

АД  ЕВРОПА СКОПЈЕ при изготвување на финансиските извештаи за 2021 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи споредбено со претходната година.

Во периодот од 01.01. до 31.12.2021 година компанијата ги оствари следниве финансиски резултати:

 

  2020 г 2021 г Индекс
Бруто приходи 834.530.497 875.663.926 104,9
Бруто расходи 746.415.157 807.634.073 108,2
Добивка пред оданочување 88.115.340 68.029.853 77,2
Данок на добивка 7.356.373 7.414.943 100,8
Нето добивка 80.758.967 60.614.910 75,1

 

Во 2021 година остварени се вкупни бруто приходи на износ од  875.663.926 денари и се зголемени  за 4,9% во однос на  бруто приходите од 2020 година.

  2020 г 2021 г Индекс
Оперативни приходи 801.336.741 840.685.745 104,9
Останати приходи 13.021.752 2.942.567 22,6

 

Финансиски приходи 6.907.152 7.344.261 106,3
Вкупно 821.265.645 850.972.573 103,6

 

Вкупните оперативни приходи за 2021 година се зголемени за 4,9% во однос на истите во 2020 година. Останатите приходи се намалени за 77,4%, а кај финансиските приходи зголемувањето е  6,3% во однос на 2020 година.

АД ЕВРОПА Скопје за 2021 година оствари добивка во износ од 60.614.910 денари и е помала во однос на претходната година за 24,9%.

Вкупните расходите се зголемени за 8,2% во однос минатата година. Оперативните расходи во 2021 година се зголемени за 8%, а финансиските расходи се намалени за 31% во однос на 2020 година.

Годишното собрание на акционери на АД ЕВРОПА СКОПЈЕ одобри пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2020 година на износ од 13.802.040 денари односно бруто дивиденда по акција 60 денари. АД ЕВРОПА Скопје  на акционерите им  исплаќа дивиденда само откако ќе се исплатат сите обврски на друштвото и трошоци за капиталот. Во досегашното работење  на АД ЕВРОПА Скопје, водејќи се од начелото на резидуална дивидентна политика,  на акционерите им исплаќа дивиденда согласно законски предвидената постапка која во годишниот извештај за 2021 година e изрично потенцирана.

Кредитната задолженост на компанијата е ниска, бидејќи има намалување на долгорочните кредити за 38% во однос на  2020 година,  кои се наменети за инвестиции.

Планот за вкупната продажба за 2021 година е остварен со 103,8%, а надминат е и планот за производството за 6,2%.

Клучни зборови

  • добивка
  • Приход
  • Фабрика Европа Скопје
  • финансиски резултати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk