Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

СКСМ и ФИТР ги стимулираат истражувачките активности и иновациите во приватниот сектор

19 јун. 2023 г.·2 мин читање·60 прегледи

Следете не на Viber

Јавниот повик за инструментот за поддршка – Кoфинансирани грантови за комерцијализација на иновации беше презентиран пред членовите на Стопанската комора, која во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој организираше виртуелна инфо сесија.

Целта е да се поттикнат истражувачките активности и развојот во приватниот сектор преку соработка со високообразовните институции и научно-истражувачката дејност. Но, и да се стимулираат сите форми на соработка за комерцијализација на иновациите. Зашто, на крај поддршката ќе ја добијат проекти со јасна комерцијална цел и се во фаза на прототип, или во соодветна фаза, зависно од видот на иновативниот производ, услуга или процес, а се до пред-комерцијална, односно пред-пазарна фаза.

Се работи за поддршка која поединечно може да достигне максимален износ од 20 милиони денари, обезбедена од ФИТР, со која се обезедува финансирање до 70 или до 60 отсто од вкупниот буџет на проектот. Тоа, зависно од бројот на вработени и од годишниот приход остварен во последните две години. Или, за претпријатија со најмногу до 50 вработени и годишен приход во посочениот период помал од два милиони евра, предвидено е финансирање до 70 проценти. А, пак, за оние кои вработуваат од 50 до 250 лица и остваруваат годишен приход над два милиони евра, но не повеќе од десет милиони евра, финансирањето е до 60 отсто од вкупниот буџет на проектот.

Рокот за аплицирање е до 10 јули.

Клучни зборови

  • Стопанската комора
  • ФИТР
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk