Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Синдикатот на УЈП со одговор на Финансии: Бараме законито постапување исто како и министерот

14 јун. 2023 г.·3 мин читање·1065 прегледи

Следете не на Viber

Барањата на вработените во Управата за јавни приходи се токму во согласност со заложбите на министерот за финансии за законито постапување. Реакцијата на Синдикатот на УЈП е предизвикана од вчерашното соопштение на Министерството за финансии, каде беше посочено дека барањето за раст на платите во јавниот сектор системски ќе се реши со закон за плати и со нов општ колективен договор, а секое поединечно решение ќе го наруши воспоставувањето на таквиот систем и постигнувањето на крајната цел.

„Сосема е нејасно за вработените во Управата ваквото позиционирање на министерот за финансии, во случај кога нема потреба од обезбедување дополнителни финансиски средства, од причини што потребните средства за исплата на платите на вработените во УЈП, согласно новиот колективен договор, се обезбедени во буџетот на УЈП за 2023 година“, укажуваат од Синдикатот.

Во појаснувањето дека нивните барања се во согласност со заложбите на Министерството наведуваат дека „токму со одредбите на член 66 од Законот за буџети и дополнителното автентично толкување на посочениот член донесено од Собранието на Република Северна Македонија, јасно и недвосмислено се докажува основот за зголемување на платите на најголемиот број вработени во Управата за јавни приходи согласно нивниот статус“. Исто така, наведуваат во реакцијата, во моментов на определен број вработени во УЈП веќе им се исплаќаат зголемени плати врз основа на споменатите законски одредби.

Оттаму и повикот до министерот „да ја прифати нашата подадена рака за конструктивна соработка, да постапи согласно закон и даде согласност за потпишување на новиот колективен договор на Управата за јавни приходи“. Освен тоа, потсетуваат дека во текот на преговорите содржината на колективниот договор била прифатена од трите страни – од министерот за финансии, од директорот на УЈП и од претставниците на Синдикалната организација „Солидарност“.

Од Синдикатот на УЈП и овој пат предупредуваат на можноста од генерален штрајк.

„Со таквото законито постапување заеднички ќе придонесеме да не биде одржан генерален штрајк, за што од страна на раководството на синдикалната организација веќе е донесена одлука и е отпочнато со спроведување на потребните процедури, а исто така ќе биде спречено поднесувањето на стотици тужби пред надлежен суд на што се решени вработенитге во Управата.

На крајот сакаме повторно да ја потенцираме нашата загриженост за случувањата и последиците кои ќе настанат при евентуално одржување на генерален штрајк, кој несомнено ќе предизвика сериозни последици во секојдневното функционирање на државата“.

Во тој контекст, од Синдикатот укажуваат дека учеството на УЈП во креирањето и реализацијата на државниот Буџет е 62,33 отсто.

„Со евентуалното одржување на генерален штрајк исто така ќе настане состојба во која ќе биде оневозможено остварување на права и исполнување обврски на правни и физички лица, што е од витално значење за нивното функционирање. Управата за јавни приходи претставува столб на функционирањето на државата, и така треба да се третира во сите сфери“, се вели во соопштението на Синдикалната организација „Солидарност“.

Клучни зборови

  • министер за финансии
  • синдикат
  • Управата за јавни приходи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk