Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

Синдикатот на СТББT прашува: Што со вработените и колкумина ќе бидат ангажирани од Комерцијална банка?

4 сеп. 2024 г.·3 мин читање·2740 прегледи

Следете не на Viber

Вработените во Стопанска банка Битола преку својата синдикална организација бараат од Управниот одбор, но и од Комерцијална банка, прецизно да се утврдат условите кои го засегаат колективот. Прашуваат за точната бројка на тие што ќе бидат преземени да работат во рамките на Комерцијална банка. И, дали новиот работодавач ќе ги испочитува законските одредби во поглед на лицата кои ќе се соочат со прекин на работниот стаж.

Во мислењето од вработените за понудата за преземање објавено на Македонска берза, се посочува дека се работи за статусна промена, па затоа и бараат конкретни дејства. Како што е наведено, Синдикатот подразбира дека во случај на успешна реализација на преземањето СТББ ќе стане членка на банкарката група на која му припаѓа понудувачот, односно „како дел од стратешкиот план на понудувачот и врз база на информацијата објавена во проспектот“, Комерцијална банка има намера да ја присоедини СТББ. Оттаму разбираат дека успешната реализација на преземањето, а потоа и присоединувањето, ќе влијае и врз вработените во битолската Стопанска банка.

„Согласно член 26, став 13 од Законот за преземање на акционерските друштва, во Проспектот треба да биде содржана: целта на понудата за преземање, односно намерата и плановите на преземачот во врска со идното работење на целното друштво, политиката за заштита на работните места на вработените и органите на управување, вклучувајќи и податок за секоја измена на условите за вработување, како и стратешки план за целното друштво“, пишува во мислењето.

Во таа насока сметаат дека и нивниот УО и Комерцијална банка треба да се искажат и во содржината на Спогодбата за присоединување јасно да се дефинираат условите под кои на „вработените ќе им продолжи работниот однос во друштвото кое презема“, заедно со список на тие лица. Воедно, бараат и да се утврди како ќе се постапи со останатиот дел од вработените кои нема да го продолжат работниот однос во Комерцијална банка и дали новиот работодавач ќе постапи согласно член 68 од Законот за работни односи во случај на статусни измени, каде што е наведено дека сите права, обврски и одговорности од договорот за вработување и работен однос преминуваат на новиот работодавач, кој е должен да ги обезбеди најмалку за една година.

Исто така, објавено е и мислењето што Управниот одбор на Стопанска банка Битола го има за понудата од Комерцијална банка. Се цени дека присоединувањето кон една од најголемите банки во државата ќе донесе позитивни ефекти врз деловното работење. Повикувајќи се на основната цел што ја има комерцијлана банка – натамошно зајакнување на пазарната позиција и зголемување на регионалната покриеност во Пелагонискиот регион, сметаа дека тоа ќе придонесе за задржување на повеќето вработени.

Клучни зборови

  • Вработени
  • комерцијална банка
  • преземање
  • проспект за преземање
  • синдикат
  • Стопанска банка Битола
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk