Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

СЕ „КРПАТ“ ДУПКИ ВО МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ: Склучен договор за закуп на локомотиви на Србија

25 сеп. 2024 г.·2 мин читање·1547 прегледи

Следете не на Viber

За десет години превозот на стока не само што е намален туку може слободно да се каже дека е десеткуван ниту кога станува збор за превозот на патници не е подобра состојбата. Инфраструктурата, локомотивите, патничките и товарните вагони се во очајна состојба.

Железничкиот транспорт е особено важен за држави без излез на море, како што е Македонија, затоа што големата меѓународната размена на стоки во најголем обем се врши преку водниот транспорт кој е најевтин, а после него е железницата. Што значи дека транспортот има огромно влијанието врз економијата.

Но, и покрај важноста на железничкиот сообраќај за развојот на една земја, тој со години е заборавен од властите.

И наместо плановите да се од стратешки карактер и долгорочни, Македонија се обидува некако да ги „закрпи“ дупките со договори кои може минимално значат некои придобивки, но не го решаваат проблемот со македонските железници.

Акционерското друштво за железнички транспорт на стоки Србија Карго склучило договор со Железницата на Македонија – Транспорт АД Скопје, на која ќе и изнајми четири електрични локомотиви од серијата 461, со што оттаму велат дека ова е стратешка соработка на две државни железнички компании.

Од соседството велат дека овој договор ќе донесе придобивки, значително ќе го забрза протокот на стоки од грчките пристаништа, како што се Солун и Пиреја, преку Македонија и Србија, што ќе овозможи побрз транзит кон Европската Унија.

Се проценува дека закупот на дополнителни локомотиви од Македонија ќе овозможи зголемување на капацитетот на транзитниот сообраќај на Коридорот 10, кој минува низ Македонија и Србија.

-„Србија карго“ генерира дополнителен приход со изнајмување достапни локомотиви, додека „Железници на Северна Македонија“ со овој закуп обезбедува поефикасен транспорт на транзитни возови, вклучително и оние на големите компании, обезбедувајќи континуитет на сообраќајот низ Србија, се наведува во соопштението.

Клучни зборови

  • закуп
  • локомотиви
  • македонски железници
  • Србија Карго
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk