Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

РЕЧИСИ 20 МИЛИОНИ ПАТНИЦИ поминале низ аеродромите на екс-Ју, белградскиот на 70-то место, скопскиот 127-ми во Европа

3 сеп. 2024 г.·3 мин читање·2049 прегледи

Следете не на Viber

Речиси 20 милиони патници опслужиле аеродромите во земјите на поранешна Југославија за првите седум месеци од годината, а само во јули низ три од нив поминале 4,95 милиони патници. Комерцијалниот аеродром во Сараево имал најголем пораст на патнички сообраќај од преку 37 проценти на месечна основа во јули, додека истовремено аеродромот во Тузла имал најголем пад од речиси 75% во споредба со истиот период лани, според податоците кои ги објави специјализираниот сајт ЕксЈу Авиејшн.

За време на периодот јануари – јули, белградскиот аеродром е рангиран како 70-ти најфреквентен на континентот, веднаш зад Базел, Рејкјавик и Ларнака, но пред Глазгов, Софија и Солун. Загреб влезе во топ 100, Приштина го зазеде 106. место, додека Скопје се рангираше дури на 127. место.

Со над еден милион дополнителни патници до крајот на јули во споредба со минатата година, Хрватска е најбрзо растечкиот пазар во поранешна Југославија во 2024 година врз основа на бројот на додадени патници.

Во првите седум месеци од годината, комерцијалните аеродроми низ поранешна Југославија опслужувале вкупно 19.902.692 патници  а меѓу нив, во текот на седмиот месец од годината, три аеродроми се издвоија по високите стапки на раст: Сараево со годишен пораст во јули од 37,2%, Тиват со раст од 33,8% и Загреб, кој имаше зголемување на бројките од 17,2%.

ВЛАДА: ПАДОТ НА БРОЈОТ НА ПАТНИЦИТЕ ЌЕ ГО РЕШАВАМЕ СО ПОИНАКОВ ПРИСТАП

Од регионалните аеродроми кои имаа недоволно работење во текот на месецот, освен тузланскиот, кој забележа пад од 74,6% , аеродромот во Ниш, имаше 27,1% помалку патници отколку во јули 2023 година, и Бања Лука, која загуби 18,3% од патниците во однос на минатата година.

Намалени бројки во однос на минатата година забележаа и низа други аеродроми, меѓу кои се Скопје, Охрид, Осиек и Риека, покажаа бројките кои ги објави ЕксЈу Авиејшн. Македонската Влада минатата недела објави сет на мерки за зголемување на бројот на патници на домашните аеродроми во кои спаѓа и субвенционирање на дестинации, а не на авиокомпании како што досега беше случај.

Вкупно 375 милиони денари Владата ќе издвои за поддршка на авиосообраќајот, за еден милион евра повеќе од досега планираното. Се зголемува поддршката од седум евра по превезен патник од скопскиот аеродром на девет евра, а на охридскиот аеродром наместо 4,5 евра како досега ќе се доделуваат 12 евра по превезен патник.

Според министерот за транспорт Александар Николовски, кој најави дека идниот повик за субвенционирање ќе биде отворен за сите авиокомпании кои ги исполнуваат условите за секоја засебна дестинација, на овој начин се решава проблемот со зависност од една авиокомпанија. Токму тоа е, изјави Николовски, причината за намалувањето на патници од Скопскиот и Охридскиот аеродром од над 330 илјади патници годинава заради техничките проблеми што го има „Визер“ со сервисирањето на своите авиони.

Клучни зборови

  • авиосообраќај
  • аеродром
  • број на патници
  • рангирање
  • Сараево
  • субвенции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk