Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Разнесениот банкомат е на НЛБ банка, парите не се украдени

6 јун. 2023 г.·2 мин читање·2335 прегледи

Следете не на Viber

Разнесениот банкомат лоциран на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, во Општина Бутел, е на НЛБ банка, потврдија од Банката. Исто така, наведуваат дека обидот за грабеж е неуспешен.

„Рано утрово во 03:38 часот, на улица во скопската населба Бутел, е оштетен банкомат на НЛБ банка откако на него била поставена експлозивна направа. Во инцидентот нема повредени лица, а причинета е незначителна оштета на три возила кои биле во близина на банкоматот.

Според неофицијални информации на Министерството за внатрешни работи четири лица поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари од него, но не успеале во намерата.

Во моментов одговорни лица од полициски екипи вршат увид на местото и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од Банката.

Претходно од МВР информираа дека со експлозивна направа е разнесен банкомат, повредени нема, а оштетени се и три возила кои се наоѓале во близина.

„На 06.06.2023 во 03.38 часот  во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бутел четири лица, кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале. Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица“, се вели во информацијата на МВР.

Клучни зборови

  • банкомат
  • нлб банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk