Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Расте моќта на Фатмир Етеми во Комерцијална банка, за 5 милиони евра купи нови акции

30 јун. 2021 г.·2 мин читање·5814 прегледи

Следете не на Viber

Бизнисменот Фатмир Етеми се стекна со нови 35.637 обични акции во Комерцијална банка. Оваа трансакција доаѓа по само неколку дена откако истиот бизнисмен сопственик на ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз извоз Скопје претходната недела купи 4.312 обични акции. Со последните акции учеството на Етеми во Комерцијална се зголеми на 3,2 проценти во основната главнина на банката.

-Комерцијална Банка АД Скопје ја известува јавноста дека правното лице ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје преку системска блок трансакција се стекна со 35.637 обични акции издадени од Комерцијална Банка АД Скопје. Правното лице ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје заедно со поврзаните лица поседува вкупно 72.999 обични акции, односно има учество од 3,2 % во основната главнина на Комерцијална Банка АД Скопје, стои во соопштението на Комерцијална банка објавено на Македонска берза.

Во моментов една акција на Комерцијална чини 8.788 денари. За новите 35.637 акции на Комерцијална градежниот бизнисмен платил околу 5 милиони евра. Во претходната трансакција Етеми кој е член на Надзорниот одбор во банката уплатил нешто повеќе од 600 илјади евра.

Бизнисменот Фатмир Етеми заедно со сопственикот на Адора Инженеринг, Ванчо Чифлиганец  се едни од најревносните купувачи на акции во оваа банка во последно време.

Претходно Чифлиганец купи 48.837 акции со право на глас. Трансакцијата чинеше околу 7 милиони евра. Со оваа купопродажба Адора сега стопанисува со 14,99% од акциите на Комерцијална.

Редакција Пари

Клучни зборови

  • акции
  • комерцијална банка
  • Фатмир Етеми
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk