Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Пропадна обидот за окрупнување, заврши и третманот на набљудување за Стопанска банка Битола

1 окт. 2024 г.·3 мин читање·2474 прегледи

Следете не на Viber

Стопанска банка Битола повеќе не е на листата за набљудување. Откао пропадна обидот за нејзино преземање од страна на Комерцијална банка, од таа мерка повеќе нема потреба.

„Ве известуваме дека на ден 27.09.2024 година, Берзата изврши бришење на издавачот Стопанска Банка АД Битола од Листата за набљудување што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што е завршена постапката за преземање на друштвото“, се вели во берзанската објава.

Притоа, се потсетува дека на таа листа Банката се најде на петти август, „поради објавена намера за преземање на друштвото, а до престанување на постоењето на предметните околности, односно завршување на постапката за преземање на друштвото“.

Минатата недела и од Комисијата за хартии од вредност беше донесено решение со кое понудата се утврди за неуспешна, а се огласија и актерите во случајот. Комерцијална им посака среќа на акционерите од битолската банка, а од Стопанска Битола изразија подготвеност за самостојна работа, како и досега.

На тоа претходеше понудата за целосно преземање, по цена од 3.200 денари за акција, која се однесуваше на сите 390.977 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка Битола, за што Комерцијална издвои 1.251.126.400 денари (20,3 милиони евра). Прагот на успешност беше утврден на 261.956 акции. Наспроти тоа, во определениот рок до 22 септември позитивен одговор имало од само 149 акционери, сопственици на 176.154 обични акции или на 45 проценти.

Структурата на акционерите останува непроменета. Ова е состојбата од 31 јули:

Всушност, незвесноста на исходот беше присутна во текот на целиот процес, најмногу поради гласните сомневања дека малата банка вреди повеќе од тоа што се дава за неа, а се случи и повикот од најголемиот акционер до останатите, да размислат што ќе прават со своите акции.

Со претопувањето на битолската, Комерцијална ќе станеше уште поголема и посилна банка. Со неуспешниот обид се стави и крај на можноста со здружени сили во државата да се формира моќен финансиски субјект. Барем во овој состав.

Клучни зборови

  • комерцијална банка
  • листа за набљудување
  • Македонска берза
  • Стопанска банка Битола
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk