Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Пролетна еко-акција

21 мар. 2022 г.·3 мин читање·4924 прегледи

Следете не на Viber

По повод Денот на екологијата и првиот ден на пролетта, љубопитното слонче Халки и неговиот тим го посетија ОУ „Коле Неделковски“ од Скопје. Заедно со учениците и наставниците засадија садници во училишниот двор. Децата ветија дека ќе се грижат за дрвцата, а Халки дека повремено ќе ги посетува за да види како растат заедно.

Средбата беше повод дружељубивиот Халки да ги потсети учениците и на вредностите за кои постојано пишува, зборува и презема многу активности: екологија и борба за здрава животна средина, другарство, важноста на читањето книги. Денеска е и Светски ден на лицата со Даунов синдром, па дружината зборуваше и за прифаќањето на различностите и за еднаквите образовни можности за сите деца.

Почетокот на пролетта е повод и за распишување на наградниот ликовен конкурс „Пролетните авантури на Халки“, на кој право на учество имаат деца до 12 годишна возраст.

Сите дела пристигнати на конкурсот, ќе бидат изложени на голема пролетна изложба под отворено небо. Тричлена комисија ќе ја разгледува и оценува креативноста, а авторите на најдобрите три цртежа добијат депозит за детско штедење од Халкбанк.

  • Ја продолжуваме својата мисија за поддршка на најмладите преку нивно креативно изразување. Пролетта е инспиративна за сите, па и овој пат сакавме да ги повикаме децата да размислуваат за пролетните авантури, за екологијата, здравите навики, чистата средина, другарството и прифаќањето. Поддршката на најмладите е најсигурен влог за иднината – вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк Ад Скопје.

Ликовните творби треба да се испраќаат до Центар за визуелна комуникација – Ефектива, на ул: 29 Ноември 4Д, 1000 Скопје со назнака „Ликовен конкурс” најдоцна до 28.03.2022 година.

Прогласувањето на победниците ќе биде на 31 март на веб страницата на организаторот и на социјалните мрежи.

Клучни зборови

  • екологија
  • Светски ден на лицата со Даунов синдром
  • халкбанк
  • Халки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk