Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Повисоки плати за 11 илјади административци – првите 8 % стартуваат во март

9 фев. 2026 г.·2 мин читање·5586 прегледи

Следете не на Viber

Од март па сè до 2028 година, месечните примања на околу 11 илјади ќе се зголемуваат за по 8 проценти на годишно ниво, дополнително проследено и со законското усогласување во согласност со движењето на минималната плата. По долг период на преговори меѓу синдикатите и Владата, постигнат е договор за раст на платите во јавната администрација.

Од УПОЗ бараа десет, но добија осумпроцентен раст на платите, при што се прифати понудениот владин модел. Договорот е резултат на дијалог, синдикални протести и притисоци, а целта е постепено да се намали јазот меѓу платите во администрацијата и реалните трошоци за живот. Првото зголемување ќе биде пресметано со мартовската плата.

Синдикатот на УПОЗ најави дека во наредниот период ќе подготви предлог-текст на колективен договор, кој ќе биде доставен до Министерството за јавна администрација. Потоа, во координација со Министерството за финансии ќе се изработи единствен колективен договор што ќе им биде понуден на институциите во јавниот сектор.

Иако договорот е поздравен како чекор напред, дел од вработените во администрацијата укажуваат дека ефектите ќе бидат ограничени, особено поради инфлацијата и фактот што дел од растот ќе произлезе од општото зголемување на минималната плата, кое важи за сите вработени. Првичните реакции упатуваат на актуелното ниво на платите на административниот персонал во болниците и судовите – 28 илјади денари со пресметан надомест за храна и превоз, кај кои првичниот нето-ефект се проценува на околу 1.400 денари.

Од Владата, пак, порачуваат дека договорот обезбедува финансиска предвидливост и стабилност во јавната администрација во наредните години.

Клучни зборови

  • администрација
  • Влада
  • зголемување на платите
  • упоз
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk