Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Повеќе кредити, поголема наплата на камати – Колкава е добивката на НЛБ банка?

26 јул. 2024 г.·3 мин читање·2967 прегледи

Следете не на Viber

Поголема кредитна активност, повисока добивка е најкусиот можен опис за работењето на НЛБ банка во изминатата прва половина од годината. Главните точки по линијата на успехот се: за 2,7 проценти зголемено кредитирање кое достигнува 1,2 милијарди евра и наплатените камати донеле приходи поголеми за 24,3 проценти. Крајниот ефект е профитот од 26,6 милиони евра.

„Банката оствари нето добивка во износ од 1.641.262 илјади денари, што претставува зголемување за 13,1 % во однос на остварената нето–добивка истиот период претходната година“, велат од НЛБ банка и посочуваат дека тоа се должи на „континуирани продажни активности на кредитните продукти со посебен фокус на домаќинствата, микро, малите и средни претпријатија, зголемен број на корисници на платните сервиси, како и позитивните трендови на финансиските пазари“.

Како стабилна банка која сериозно пристапува кон исполнување на обврските ја има довербата на граѓаните. Нивната побарувачка на станбени и потрошувачки кредити во секторот домаќинства резултира со повисоки пласмани за 3,2 насто во однос на состојбата од крајот на 2023. Кај кредитирањето на нефинансиските правни лица има плус 1,3 проценти. Оттаму, вкупните кредити кај небанкарскиот сектор изнесуваат 76.060.377.000 денари.

Во тие рамки се и податоците за каматните приходи. Се работи за вкупен, односно нето-износ од 2.325.713.000 денари или над 37,7 милиони евра. За шест месеци забележале раст од 22,2 насто.

Провизиите во првото полугодие и донеле на НЛБ банка нето-приливи од 753.795.000 денари (12,2 милиони евра, кои се повисоки за 16,2 проценти од претходната година. Притоа, се наведува дека приходите од провизии се зголемени за 3,3 насто. Останатите некаматни приходи се 265.850.000 денари (4,3 милиони евра) и се намалени за 23,1 отсто.

Сѐ на сѐ, во ставката вкупни приходи од работењето се запишани 3.345.358.000 денари што е еднакво на 54,3 милиони евра. Повисоки за 15,4 насто, како што е појаснето – „во најголем дел поради повисоки каматни приходи“.

На расходната страна, пак, вкупните оперативни трошоци се во износ од 1.319.766.000 денари (21,4 милиони евра). Зголемувањето во овој сегмент е за осум проценти.

НЛБ банка располага со вкупни депозити 92.315.994.000 денари или близу 1,5 милијарди евра. Во првите шест месеци се намалени за 0,6 отсто.

Со поголемата ориентација кон државните обврзници, Банката ги зголемила и вложувањата во хартии од вредност – за 2,4 проценти, при што станува збор за износ од 263,3 милиони евра.

Во планот на НЛБ банка за претстојниот период е и натаму да го поддржува приватниот сектор и значајно да придонесува во макроекономскиот и финансискиот амбиент на државата. Ќе има поголема понуда за стартап – компаниите, кај зелените кредити…, а во фокусот останува и населението, со што се очекуваат уште подобри резултати во најзначајните сегменти од работењето.

Клучни зборови

  • добивка
  • камати
  • Кредитирање
  • нлб банка
  • прво полугодие 2024
  • приходи од камати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk