Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Инвестициски ФондовиФондови

Портфолио менаџерите на генерали инвестмент со коментар за тековните случувања

29 апр. 2020 г.·4 мин читање·111 прегледи

Следете не на Viber

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите.

Преглед на моменталните случувања:

Корона вирусот го достигна својот врв насекаде во Европа и САД. Бројот на заразени, хоспитализирани и починати опаѓа. Затоа земјите забрзано работат на стратегијата за излез од карантинот. Темпото е различно, Данска и Австрија се понапред за разлика од Италија и Шпанија кои заостануваат. И во САД, темпото е различно и главно зависи од индивидуалните држави. Како што стојат работите, процесот на отворање ќе биде побавен отколку што се чинеше на почетокот на кризата. Одредени дејности како што се туризмот, рестораните, воздухопловството и слични дејности каде што се собираат голем број на луѓе, ќе бидат отворени со големо задоцнување и со тоа негативното влијание врз економијата ќе биде подолго од првично проценето. Во најдобар случај, можеме да очекуваме закрепнување во форма на U, иако постои многу неизвесност за тоа како ќе изгледа економската активност во втората половина од годината.

Земјите продолжуваат да преземаат дополнителни мерки за поддршка на економијата.  Тие им помагаат на најтешко погодените индустрии, така што најголемите европски авиокомпании како „Луфтханза“ или производителот на спортска облека „Адидас“, ќе добијат поволни кредити од милијарди евра и други форми на помош за да им се помогне да преживеат во следните неколку месеци. Од друга страна, компаниите објавуваат резултати за првиот квартал на 2020 година и во најголем дел прават многу претпазливи предвидувања за вториот квартал и за втората половина од годината. Резултатите се во согласност со очекувањата, за првиот квартал тие се сè уште релативно добри, додека предвидувањата за вториот квартал се во просек многу полоши отколку во истиот период минатата година, но сепак не се значително полоши од очекувањата на инвеститорите. Досега, позитивно изненадија здравствената и ИТ-индустријата, негативно се претставија финансиската, воздухопловната, автомобилската и некои други индустриски компании.

Пазарите на капитал се држат исклучително добро. Веројатно, голем дел од заслугите се припишуваат помошта од централните банки кои креираа обилната ликвидност во последните неколку недели, иако преку купувањата на обврзници и на некои акции велат дека нивната моќ е неограничена. Така, Јапонската централна банка на почетокот на неделава најави дополнителни купувања на обврзници. Ситуацијата на нафтените пазари е смирена, иако цената на нафтата останува екстремно ниска и најверојатно ќе остане таква во наредниот месец или два, со цел економиите да се повратат и да ја заживеат потрошувачката, а со тоа и побарувачката. Но, нафтата и нејзините акции се од релативно мало значење за развиените западни економии, така што по првичниот шок, тие веќе немаат премногу влијание врз движењето на пазарите. Повеќе  загрижува учеството на најголемите пет акции во амерканскиот S&P индекс како Amazon, Google, Microsoft, Apple и Facebook бидејќи учествуваат со 22% во индексот S&P, а ова учество е поголемо споредено со учеството во времето на Големата депресија во 1930-тите. Овие акции се главна причина за брзото закрепнување на американските индекси, па затоа потребна е поголема претпазливост во овој момент.

Совети за инвеститорите:

Инвеститорите во овој момент, се прашуваат „што сега? “ Моментално, не е време за големи промени, бидејќи курсевите се релативно високи, поддржани од ликвидноста на централните банки, иако има многу непознати во глобалната економија. Имаме позитивни очекувања за здравствената индустрија, основната потрошувачка и ИТ индустријата, каде гледаме најголем потенцијал за раст во оваа фаза од корона вирус кризата. Времето за поризични инвестиции ќе дојде, бидејќи постои се поголема јасност околу темпото на отворање на економиите и за самиот вирус. Балансираното портфолио е нашиот најголем сојузник во овие времиња.

Клучни зборови

  • Генерали инвестментс
  • Преглед на моменталните случувања
  • Совети за инвеститорите
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk