Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Пелистерка“: Пазарот стабилизиран, добивката се множи

16 авг. 2023 г.·2 мин читање·1405 прегледи

Следете не на Viber

„Пелистерка“ повеќе од двојно ја зголеми добивката во првата половина од годината. На крајот од јуни е забележан нето износ по оданочување од 14.425 илјади денари или 234 илјади евра. Пред една година финансискиот успех се мерел со 5,789 илјади денари, односно 94 илјади евра.

Од компанијата наведуваат дека резултатите се постигнати поради стабилизацијата на пазарот, што придонело и за раст на извозот и за намалување на залихите.  на готов производ се намалени во споредба со минатата година.

Во текот на работењето од јануари па заклучно со јуни, „Пелистерка“ АД евидентирала оперативни приходи од 185.827 илјади денари (три милиони евра). Во споредбениот период лани тие изнесувале 174,923 илјади денари/2,8 милиони евра. Притоа, доминантни се приливите од продажбата на домашниот пазар.

Кај оперативните расходи, пак, разликата не е голема – лани изнесувале 2,39 милиони евра, а на крајот од јуни годинава 2,38 милиони евра. Тоа, според образложението од компанијата, се должи на повисоките цени на репроматеријалите, на горивото и на електричната енергија.

За функционирањето во првото шестмесечие, од „Пелистерка“ сметаат дека исполнувањето на планот за производство и за продажба е на задоволително ниво.

Маја Анастасова

Клучни зборови

  • добивка
  • Маја Анастасова
  • пелистерка
  • приходи
  • профит
  • финансиски резултати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk