Денес е последниот работен ден од законската обврска компаниите да им исплатат регрес за годишен одмор (К-15) на вработените. Право на регрес имаат сите вработени во приватниот сектор, и дел од администрацијата кои работеле кај ист работодавач најмалку шест месеци во текот на календарската година. Износот на К-15 е различен секоја година и зависи од движењето на просечната нето и бруто плата во државата.
Но, што покажуваат бројките на Управата за јавни приходи, колку газдите се дарежливи кога станува збор за исплата на К-15? Порталот „Пари“ви открива кои се највисоките, но и најчесто исплатени суми лани и како досега се одвива исплатата на регресот за годишен одмор за 2022-ра година? Притоа мора да напоменеме дека пресекот на бројките за 2022-ра година е 20 декември, што значи дека бројките за годинава ќе претрпат одредени измени бидејќи дел од компаниите исплаќаат регрес до 31 декември.
Во 2021 година највисокиот исп…