Новиот закон за систем на плати во јавниот сектор е на јавна расправа до 15 февруари. Претпоставките за новата пресметка, заедно со растот на минималната плата, кој според законската регулатива треба да се случи во март, се влезени и во Буџетот за 2023 година. Податоците покажуваат дека во сегашниот буџет за плати и надоместоци има речиси 27 милиони евра повеќе отколку што имаше во ребалансираниот буџет за 2022 година.
Порталот Пари со расположливите бројки се обиде да го анализира животниот стандард на вработените во јавниот сектор ‒ дали тој се подобрил со растот на износот што се одделува за плати и надоместоци, земајќи го предвид и растот на трошоците за живот?
Трошоците за плати и надоместоци од Буџетот за јавниот сектор од година во година се зголемуваат. Тое е и логично ако се земе предвид дека и нивните плати треба да растат. Според податоците од Регистарот на вработени во јавниот сектор, што го води Министерството за администрација и информатичко општество, бројката во последните 5 години се движи околу 132.000 вработени, и нема некои големи осцилации, за растот на трошоците да се припише на растот на бројот на вработените. Но, исто така, сите што се во јавен сектор не земаат плата од Централниот буџет.
Податоците покажуваат дека пред 5 го…