Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Откупот на туѓите долгови дава резултати – ЕОС Матрикс Македонија со силен раст на приходите  

18 авг. 2025 г.·3 мин читање·2768 прегледи

Следете не на Viber

ЕОС Матрикс Македонија забележа значаен раст на приходите во финансиската 2024/25 година. Овој резултат е нотиран и во Годишниот  финансиски извештај кој  го објави ЕОС групацијата. Имено, во периодот од март 2024 заклучно со февруари 2025 година, подружниците од Источна Европа во рамките на ЕОС Групацијата оствариле вкупни приходи од 369,2 милиони евра, што означува раст од 7,6 насто во однос на претходната година, а во рамките на ЕОС Групацијата овие приходи учествуваат со 35,1 отсто. Во извештајот се нотира дека растот на регионот на Источна Европа се должи на значајните зголемувања на приходите забележани во Грција, Полска, Романија, Србија и Македонија.

„Бројките говорат дека нашето работење бележи нагорен тренд, и покрај промените и предизвиците што се случуваат на домашниот пазар. Нашите инвестиции во иновации и модернизација растат, а оперативната ефикасност е стабилна. Дополнителна мотивација е фактот што заедно со нас растат и нашите клиенти, кои сѐ повеќе ја бараат нашата експертиза. Како членки на групацијата ЕОС која е присутна на пазарите во повеќе од 20 земји, ние имаме пристап до иновации и нови технологии во индустријата, што овозможува развој на нашата компанија, но и развој на секундарниот финансиски пазар. Активно придонесуваме за подобрување на финансиската солвентност на македонските граѓани и компании“, изјави д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на ЕОS во Македонија и Косово.

ЕОС Групацијата во 2024/25 година бележи консолидиран раст на приходите и на добивката, на сите пазари каде што е присутна. Вкупните приходи изнесуваат 1,1 милијарди евра, што е зголемување за 5,6 проценти во однос на 997,3 милиони евра во претходната година. Групацијата успешно ја заврши 2024/25 година со остварена EBITDA (добивка пред камата, даноци, амортизација и отписи) во износ од 460,8 милиони евра, што е значаен раст во однос на 412,9 милиони евра во претходната година. Лани и годинава, на ниво на групација, во портфолијата се инвестирани 826,6 милиони евра. Како водечки инвеститор и давател на услуги во управувањето со побарувања во Европа, EOS ги комбинира бизнис успехот со одговорноста и одржливоста.

„Нашиот претприемачки дух е нашата најсилна движечка сила. Затоа, прво сакам да им се заблагодарам на сите вработени. Без нивната посветеност, овој резултат не би бил возможен. Доживуваме стабилен и здрав раст. Минатата година, нашите приходи се зголемија за 5,6 проценти – тоа првенствено е резултат на силни инвестиции во купување на побарувања и одличен оперативен перформанс“, вели Марвин Рамке, извршен директор на ЕОС Групацијата.

Високите ЕСГ оценки и признанија говорат и за достигнувања во областите на животната средина, општеството и управувањето, а како позитивен пример е истакната ЕОС Матрикс Македонија.

„Нашите национални подружници се фокусираат посебно на своите сопствени проекти за заштита на животната средина, кои се поврзани со специфичните потреби и можности на нивните региони. Нивната посветеност се протега од образовни иницијативи до конкретни намалувања на емисиите на стакленички гасови. На пример, EOS во Северна Македонија учествуваше на конференција за регулативата во делот на екологијата, која во декември 2024 година ја разгледа одржливоста во корпоративниот сектор на широк начин“, велат од ЕОС Групацијата.

Компанијата го имплементираше сопствениот софтвер за наплата “Kollecto+” во 11 земји. Дополнително, ги користи роботската процесна автоматизација и вештачката интелигенција за да ги направи процесите поефикасни, да ги забрза операциите и постојано да го подобрува квалитетот на услугите.

Клучни зборови

  • ЕОС Групација
  • ЕОС Матрикс Македонија
  • финансиски резултати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk