Со Буџетот за 2023 година, кој е во собраниска процедура во моментов, се планира наредната година да има 26,7 милиони евра или 5 насто повеќе пари за плати на јавната администрација. Сепак, ова зголемување не е рамномерно за сите 16 министерства.
Апсолутен победник во категоријата најголемо зголемување на платите ќе бидат 664 вработени во Министерството за финансии. Новата година тие ќе ја стартуваат со дури 32,7 насто поголема просечна месечна бруто-плата по вработен. Платата ќе се зголеми за речиси 250 евра и ќе изнесува 987 евра (60.685 денари). Втори на листата со зголемување на просечната месечна бруто-плата се во Министерството за образование. Ова министерство ќе подели плати на 7.406 вработени, при што просечната месечна бруто-плата ќе се зголеми за 29,77 насто или 956 евра (58,822 денари). Трети на листата се вработените во Министерството за одбрана…