Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Инвестициски ФондовиФинансии

Опфолио Инвестиции – ново друштво за управување со инвестициски фондови

30 мај 2025 г.·2 мин читање·2386 прегледи

Следете не на Viber

Нов субјект на инвестицискиот пазар во државата. Опфолио Инвестиции е шестото друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови. Со него ќе раководат Васко Богдановски како главен извршен директор и Огнен Тилиќ – извршен директор. Дозволата за работење е дадена од Комисијата за хартии од вредност, заедно со согласноста за Статутот на Друштвото.

„Комисијата за хартии од вредност издаде дозвола за работење на новото Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Опфолио Инвестиции АД Скопје, кое согласно  Законот за инвестициски фондови ќе основа и ќе управува со отворени инвестициски фондови, ќе води работи на управување со средства за сметка на индивидуален клиент – сопственик на портфолио и работи на инвестиционо советување на клиенти“, пишува во соопштението на КХВ.

Исто така, се наведува дека мнозински акционер е Опфолио АД Скопје, односно на Друштвото за информатичка технологија, инвестиции и советодавни услуги „му се дозволува да се стекне со квалификувано учество“, со акции со право на глас „чиј вкупен кумулативен износ надминува 50% од вкупно издадените акции со право на глас на друштвото“.

Според податоците на Linkedin, друштвото е основано годинава со почетен капитал од 250 илјади евра. Потенцијалните ивестиции се насочени кон софтверските компании.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • Комисија за хартии од вредност
  • Опфолио Инвестиции
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk