Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА: Портфолио менаџер во Сектор за ликвидност и финансиски пазар

27 фев. 2025 г.·3 мин читање·19506 прегледи

Следете не на Viber

Комерцијална банка e современа, пазарно ориентирана и иновативна компанија, која посветува значајно внимание на задоволството и напредокот на своите вработени затоа што ги смета за една од најзначајните вредности и фактор за успешен развој на Банката.

Доколку сакаш да ги оствариш твоите желби и амбиции за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, аплицирај за вработување во Комерцијална банка.

Банката отвора оглас за вработување за еден Самостоен стручен соработник (Портфолио менаџер) во Сектор за ликвидност и финансиски пазар во Скопје

Тип на вработување: На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

Работно време: 40 часа неделно.

Огласот важи до: 11.03.2025 година

Работни цели и задачи: Редовно следeње на случувањата на домашните и странски финансиски пазари, подготовка на анализи за финансиски инструменти и давање предлози за инвестирање за банкарското портфолио како и за портфолио на клиенти, управување со средствата на клиентите, врз основа на дефинирана инвестициска стратегија согласно профилот на клиентите и нивните потреби, следење на квалитетот на хартиите од вредност, следење на корпоративни активности и известување за истите (дивиденди, камати, главници итн.). Пренесување на знаење на останатите членови на тимот

изработка на прегледи и анализи за менаџментот на Банката, други работни задачи од делокругот на активности во надлежност на Секторот за ликвидност и финансиски пазар.

Потребни квалификации и способности:                           

завршено високо образование од областа на економските науки

Да поседува CFA сертификат или е во фаза на полагање, со положен барем 1 од модулите.  

Да има познавање на англиски јазик и MS Office алатки. Солидно познавање на математика. Сспособност за аналитичко мислење и антиципативно одлучување. Потоа најмалку 3 години работно искуство во финансиска институција. Висок личен интегритет, доверливост и чесност, како и прецизност во извршување на работните задачи. Ориентираност кон потребите на клиентите, адаптибилност во динамична работна средина, комуникациски вештини за работа во тим, способност за брзо одлучување

Придобивки за вработениоет што ги нуди банката се пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови, обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство, можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции, доброволно приватно здравствено осигурување. Потоа програма за спорт и рекреација, учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека и сл.

Апликацијата треба да се пополни на следниов линк: https://kb.mk/vrabotuvanje.nspx# или да се достави CV на vrabotuvanje@kb.mk или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски, бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Самостоен стручен соработник – (Портфолио менаџер)”.

Телефон за контакт: (02) 3168 412

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Напомена: Апликацијата за вработување ќе биде третирана како доверлива. Според Законот за заштита на личните податоци со самото доставување на твојата апликација за работа согласен си твоите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година. Освен за наведениот случај, твоите лични податоци нема да бидат користени за ниту една друга цел ниту, пак, достапни на трети лица.

Клучни зборови

  • комерцијална банка
  • Оглас за вработување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk