Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Од трговија со тутун скопјанец вадел бруто плата од 195 илјади евра

1 ное. 2023 г.·3 мин читање·2797 прегледи

Следете не на Viber

Најголемите приходи и плати се заработуваат во Скопје. Оттаму, на првите позиции, и според бруто-доходот и по бруто-плата се двајца жители на главниот град. Едниот пријавил 446 милиони денари годишен доход пред оданочување, или речиси 7,3 милиони евра. Приливи од повеќе извори. Другиот, бруто-плата од 144 милиони денари, односно приближно 2,4 милиони евра, заработени во дејноста трговија на големо со производи од тутун. Месечната плата му била во износ од 12.000.000 денари, што е противвредност на 195 илјади евра. Податоците ги презентираше директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, на годишната прес-конференција за оданочените приходи остварени во текот на минатата година.

Десетте највисоки лични примања се на вработени или сопственици на винарии, болници, во областа на компјутерското програмирање и во индустријата на метални производи.

Најголемото лично примање за извршена работа е пријавено од скопјанец – 280,6 милиони денари/4,6 милиони евра на годишно ниво. Доходот е остварен во странство.

Од самостојно вршење дејност, пак, највисокиот пријавен износ на доход е од над еден милион евра – 61,9 милиони денари, исто така од жител на Скопје.

Инаку, во овој сегмант на самостојно вршење дејност, во десетте најдоходовни се вброени адвокати, нотари, угостители, одгледувачи на жито и мешункасти растенија, како и од производство на амбалажи од хартија.

Во областа на аграрот највисокиот доход (пријавен од скопјанец) произлегува од продажбата на земјоделски производи. Се работи за износ од речиси 307 илјади евра/18,9 милиони денари.

Како што информираше Лукаревска, највисоката капитална добивка минатата година изнесувала 173,4 милиони денари/2,8 милиони евра. Пријавена од граѓанин на Скопје кој продал удел во трговско друштво од дејноста производство на филмови, видео-филмови и телевизиска програма.

Највисоката исплатена дивиденда е во износ од 229,6 милиони денари или 3,7 милиони евра е исто така на скопски жител, кој се јавува како сопственик на удел во компанија чија дејност е болници.

Најмладиот денарски милионер има само девет години. Најмладиот, пак, милионер во евра има 24 години, а највозрасниот 77.

„Дваесетичетиригодишник е најмладиот милионер во евра за 2022 година со остварен и пријавен доход од странство во износ 61,6 милиони денари, а 77-годишно лице со остварени 92,9 милиони денари доход е највозрасниот милионер во евра кој доходот го остварил главно од дивиденти од компании во земјава. Најмладиот милионер во денари има девет години со остварени нешто над еден милион денари од закупнина, додека највозрасниот има 97 години и лани остварил доход во износ од 1,2 милиони денари по основ на пензија и доход од извршена работа“, посочи Лукаревска.

Директорката на УЈП наведе дека постои сомневање за највисоките плати во одредени сектори и за можни малверзации, па најави дополнителни проверки.

Клучни зборови

  • даночни пријави
  • највисоки плати
  • највисоки приходи
  • ујп
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk