Туризмот е чувствителен на глобалните кризи, но и брзо се прилагодува на новите трендови. Кога состојбите се во нормала, бележи висок раст. Од условите зависи и работата на туристичките агенции, кои го претставуваат мостот меѓу понудата и побарувачката во овој сектор. Обезбедуваат професионална логистика, планираат и организираат патувања, а се важни партнери за хотелско-угостителските, како и за авиокомпаниите и компаниите што вршат превоз на патници. Тие, како носители на масовниот туризам, го поттикнуваат развојот на локалната економија.
Македонските туристички агенции се обидуваат да опстојат на линијата на растот, секако, секоја со различно темпо. Сигурно, сите сакаат да ја заборават пандемијата и проблемите што им ги предизвика. Како им оди работата може да се согледа од оваа анализа на Пари, во која се опфатени пет туристички агенции. Податоците за сегментите од нивното работење се од базата на Бизнис Мрежа.
Општата слика за туристичките агенциии – три од Скопје и две од Охрид, е дека имаат далеку подобри остварувања од критичната 2020 г…