Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

НАМЕСТО ДО ВИДУВАЊЕ ОД ВЛАДАТА ВО ЗАМИНУВАЊЕ – Ново задолжување од над две милијарди денари

17 мај 2024 г.·2 мин читање·2241 прегледи

Следете не на Viber

Со две нови државни обврзници кои од денес котираат на официјалниот пазар, техничката Влада ја задолжува државата за дополнителни 2.141.720.000 денари или 34,79 милиони евра. Двете обврзници, издадени на десети месецов, се без девизна клаузула, а рокот на доспевање е за две, односно за 15 години.

Информацијата ја објави Македонска берза:

„Ве известуваме дека согласно поднесено барање од страна на Министерството за финансии на Република Северна Македонија за котација на државни обврзници, почнувајќи од 17.05.2024 година на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација ќе бидат примени на котација државните обврзници…“.

Емисијата на првата, двегодишна државна обврзница е со вредност од 1.104.420.000 денари, што е противвредност на 17,94 милиони евра. Номиналната вредност е 10.000 денари, а издадени се 110.442 хартии од вредност од овој вид. Носат каматна стапка од 3,85 проценти. Датумот на достасување е 10 мај 2026 година.

Другата е петнаесетгодишна обврзница и достасува на 10 мај 2039 година. Издадени се 103.730, со номинална вредност од десет илјади денари. Вредноста на емисијата е 1.037.300.000 денари, односно 16,85 милиони евра. За нив е предвидена каматна стапка од 5,60 проценти.

Клучни зборови

  • државни обврзници
  • Македонска берза
  • Министерство за финансии
  • ново задолжување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk