Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

НОВИНА ОД НАЈГОЛЕМАТА МАКЕДОНСКА БАНКА: Наскоро Google Pay со картичките од Комерцијална

13 јун. 2023 г.·2 мин читање·1825 прегледи

Следете не на Viber

Google Pay™ наскоро ќе биде новата дигитална услуга што ќе ја воведе Комерцијална банка. Брзи, лесни и безбедни бесконтактни плаќања со паметен телефон или часовник за своите клиенти ќе овозможи докажаниот иноватор во светот на финансиите.

Со Visa и Mastercard картичките на Комерцијална банка и апликацијата Google Wallet™, Android и WearOS уредите лесно стануваат дигитален паричник, со кој може да се плаќа во секое време на милиони места во светот што прифаќаат бесконтактни платежни трансакции, појаснуваат од Комерцијална банка.

Новите привилегии од дигиталниот свет што ги носи Комерцијална банка во соработка со Google значат:

  • плаќање со телефон наместо со картичка на ПОС терминал;
  • бесплатно преземање, активирање и користиње на апликацијата;
  • може да се дигитализира секоја картичка од Комерцијална банка;
  • плаќањето е брзо, едноставно и безбедно во продавници, ресторани, на веб-страници и апликации.

Комерцијална банка, која со сопствената апликација KomPay е пионер во земјава во сегментот на бесконтактни дигитални плаќања и во воведувањето најсовремена технологија за овој вид плаќање, сега се приклучува кон глобалните светски брендови и овозможува поволности и привилегии насекаде во светот.

Google Wallet апликацијата е достапна преку Google Play Store за Android и WearOS уреди. Клиентите ја користат сопствената сметка во Google и вршат безбедни и брзи бесконтактни платежни трансакции. Google Pay ги прави едноставни секојдневните плаќања и ја зголемува контролата на личните финансии.

Комерцијална банка наскоро ќе овозможи додавање во Google Wallet на сите Visa и Mastercard картички, при што корисниците сами ќе бираат колку картички ќе додадат и со која картичка ќе вршат плаќање.

Повеќе информации за новата дигитална услуга се достапни на следниот ЛИНК

Клучни зборови

  • Google Play Store
  • Google Wallet
  • Mastercard
  • visa
  • дигитална услуга
  • комерцијална банка
  • ПОС терминал
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk