Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

НЛБ Банка со промотивна кампања за сите кредити за физички лица

8 сеп. 2020 г.·2 мин читање·314 прегледи

Следете не на Viber

НЛБ Банка започна промотивна кампања за сите кредити за физички лица кои ќе аплицираат до до 31.10.2020 година. Во рамки на кампањата кредитите ќе им бидат достапни на клиентите со поповолни услови, без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.

„Промотивната понуда на НЛБ Банка е одлична можност доколку сакате оваа есен да го реновирате домот или се одлучите да го решите најважното животно прашање, а тоа е купувањето на сопствен дом. За вакви големи чекори свесни сме дека е потребен сигурен и доверлив партнер, па затоа наша задача е да им излеземе во пресрет на нашите клиенти и да им понудиме поволни услови и поддршка која ќе ги охрабри да ги преземат овие битни чекори во животот“ велат од НЛБ.

Банката најави дека сите кредитни продукти за физички лица ќе се одобруваат без манипулативни трошоци, а за сите апликации за станбени и хипотекарни кредити примени во рамките на промотивната кампања, нема да се наплатуваат трошоци за проценка.

Воедно по повод 35 годишниот јубилеј на Банката, НЛБ Станбениот кредит е со рок на отплата до 35 години, а НЛБ Потрошувачкиот кредит е со фиксна каматна стапка за првите 35 месеци. Со подолгиот период на фиксност на каматната стапка кај потрошувачките и станбените кредити, на клиентите им се овозможува подолгорочно планирање на семејниот буџет, како и стабилност на месечните трошоци за кредити. Дополнително, со подолгиот период на отплата до 35 години кај станбениот кредит, клиентите имаат можност да земат поголем износ на кредит при решавање на станбеното прашање.

Повеќе информации за кредитите клиентите може да добијат на веб страницата www.nlb.mk, на социјалните мрежи на Банката, на телефон 02/15 600 или во најблиската експозитура на Банката.

Клучни зборови

  • кампања
  • нлб банка
  • промотивно
  • трошоци
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk