Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

НЛБ Банка со повик за ажурирање на податоците на клиентите со цел навремена достава на платежните картички

24 јун. 2020 г.·2 мин читање·961 прегледи

Следете не на Viber

НЛБ Банка ги повикува клиентите – корисници на домашни платежни картички за финансиска поддршка, со цел точна и навремена достава на картичките, во најкус можен рок да ги ажурираат своите податоципреку веб страницата на Банката на линкот: https://nlb.mk/domasnaplateznakarticka.aspx

„Поради актуелната кризна ситуација, а со цел избегнување на гужвите во експозитурите, НЛБ Банка се погрижи клиентите своите картички да ги добијат директно до своите домови. Со цел да излеземе во пресрет на клиентите и да овозможиме квалитетна услуга и навремена достава на  картичките,апелираме до сите клиенти кои сè уште не ги ажурирале своите податоци, да го сторат истото  преку веб страницата на Банката. Воедно, би сакале да ги известиме клиентите кои веќеизвршија ажурирање, дека нивните картички се во фаза на изработка и дистрибуција,а за доставата ќе бидат информирани преку СМС пораки“, велат од Банката.

НЛБ Банка ја поддржува оваа Владина иницијативапреку издавање на 113.000 платежни картички. Нивното издавањесе одвива етапно и до овој моментБанката има изработено повеќе од 80.000 картички и истите се во фаза на дистрибуција до клиентите.

За повеќе информации во врска со домашната платежна картичка, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 02/ 15 600, на e-mail: info@nlb.mk или директно да ја контактираат Банката преку нивните социјални мрежи.

Погледнете какви профити книжат финансиските друштва за брзи кредити во земјава.

Клучни зборови

  • банкарство
  • банки
  • нлб банка
  • пензии
  • Пензија
  • Платежни картички
  • податоци
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk