Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

НЕВИДЕН ЌАР! ПРОФИТ ОД 72 МИЛИОНИ ЕВРА, ја брка ли Комерцијална банка стотката?

31 окт. 2024 г.·3 мин читање·2236 прегледи

Следете не на Viber

Што и донесе рекорден профит од 72 милиони евра на Комерцијална банка?

Комерцијална банка пред себе има уште цели два месеци за да ја стигне и престигне стотката. Да ја покаже кондициската подготвеност и да го собори државниот и личниот рекорд. Предизвик ли се 100 милиони евра за најголемата македонска банка, или целта е некаде повисоко?

Засега зборуваме за „само“ 72 милиони евра. Профит стокмен од први јануари до 30 септември. А, реализацијата на планот е со над 139 проценти. Ќе има многу аплаузи на отворена сцена. Исто како и критики.

Минатата година во ова време Банката го сврте вниманието со добивката од 50 милиони евра. Сегашната е појака за 45,1 процент.

Како стигна Комерцијална банка до овој висок резултат?

Од банката посочуваат дека остварената добивка пред направената исправка на вредноста, која е показател за оперативната способност да ги покрива трошоците од работењето, е за 36,4 насто поголема од истиот лански период. Тоа, главно, произлегува од повисоките останати приходи, како и од зголемените нето-приходи инкасирани од каматите.

Во текот на деветмесечното работење остварени се вкупни приходи од 6.626,4 милиони денари (107,7 милиони евра), кај кои има раст од 29,5 проценти. Нивната основна компонента – приливите од камати, бележи зголемување од 16,2 насто и износ од 4.448,0 милиони денари (72,3 милиони евра). Тоа е износот на нето-приходите. Инаку, само од пресметаните камати се слеале 5.039,9 милиони денари или речиси 82 милиони евра. Тука има раст од 20 проценти, „како резултат на зголемени пласмани кај клиентите од сите сектори…“.

Од друга страна, расходите по основ на камaта се повисоки за 58,7 проценти, што се должи на зголемените орочени депозити.

Од провизии и други надоместоци за извршените услуги, Комерцијална банка заработила 876 милиони денари (14,2 милиони евра), а тој приход е повисок за 9,9 насто од ланскиот. Нешто пониски – за 1,2 отсто се нето-приходите од курсни разлики, кои изнесуваат 268 милиони денари (4,3 милиони евра).

Продажбите на преземените имоти од кавадаречки „Еуроникел“ и од пехчевската „Нова Рефрактори“ имале голем придонес во ставката останати приходи од работењето, а состојбата од 30 септември е 987,8 милиони денари или над 16 милиони евра.

И кај трошоците има раст, во деветте месеци за 13,3 проценти, со што оперативните расходи се со износ од 1.722,7 милиони денари (28 милиони евра).

Комерцијална банка има вкупни кредити од 1,2 милијарди евра. Во делот на банките има зголемување од 37,4 насто, а кај другите клиенти – население и компании, растот е 14,9 проценти.

Напредок има и кај депозитите. Нивниот вкупен износ е 145.985.884.000 денари, односно 2,37 милијарди евра.

За девет месеци активата на Банката се зголемила за 3,2 насто. На последниот ден од септември е во износ од 168.900,9 милиони денари или 2,74 милијарди евра.

Каков ли ќе биде идниот финансиски извештај на Комерцијална банка?

К.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • добивка трет квартал 2024
  • комерцијална банка
  • профит
  • рекордна добивка
  • Финансиски извештај
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk