Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

TOW: Направи го веднаш

3 сеп. 2020 г.·3 мин читање·185 прегледи

Следете не на Viber

Одложувањето е многу лоша работа и доведува само до натрупување на неизвршени работи. Дополнително на ова, некои истражувања што ги имам читано, кажуваат дека одложувањето на работите, на долг рок, влијае на целокупното здравје и среќа.

Знаејќи го ова, се надевам дека не сакате да си влијаете на сопственото здравје и среќа, па затоа, едноставно, почнете да ги извршувате работите.

  • Грешки – ако не ги извршувате работите, нема да грешите, но со тоа само ви се трупаат незавршени работи, а поискусните од секогаш велеле дека кој работи и греши. Немојте да се плашите дека ќе направите грешки, но запомнете, од секоја грешка речиси секогаш учите и така станувате поискусни.
  • Прекинување на „зачараниот” круг – знаете како иде тоа, со одложување на работите, само уште повеќе се фрустрирате, а тоа доведува до зголемување на несигурност што доведува до нивно дополнително одложување, а тоа доведува до зголемена фрустрација итн. итн… прекинете го кругот и направете ја таа работа што треба да ја направите.
  • Моментум – многу луѓе, поради моментумот дека не им бил ден за да ја извршат работата, ги одложуваат работите. Свесни сте и самите дека имањето на моментум е само изговор за да не се заврши некоја работа. Демек, денес не сум расположен за да го направам тоа. Направете го тоа веднаш! Не го чекајте моментумот, сами направете си го!
  • Не сте сами – знаете како, најлесно е да се одложат работите, затоа што поголемиот број луѓе се такви. Тие што ги извршуваат работите веднаш и сега се помалку,  и нив ги гледаат како црни овци, односно ги гледаат на криво. Но, знаете што, тие што прават веднаш и сега, секогаш се поуспешни и поценети од сите други, а и не сте сами, такви нè има многу!
  • Рутина – секоја работа станува рутина, па така и одложувањето. Променете ја таа рутина, и од сега, па и натаму, рутината да ви биде дека работите ќе се извршуваат сега и одма. Направете го тоа и променете ја рутината.
  • Промени – направете ги промените прво кај вас, па после тоа барајте промени и кај другите луѓе! А промените се убава работа!

Направете го тоа (што и да е тоа) денес!
Направете го тоа (што и да е тоа) веднаш!
Направете го тоа (што и да е тоа) сега!

„Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат на www.pari.com.mk во соработка со www.tipoftheweek.co обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој:

 

Клучни зборови

  • tip of the week
  • амбиција
  • грешки
  • личен развој
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk