Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

На повидок спојување: Комерцијална банка ќе даде понуда за преземање на Стопанска банка Битола

Маја Анастасова·1 авг. 2024 г.·2 мин читање

„Согласно член 22, став 1 од Законот за преземање на акционерските друштва, Ве известуваме дека Комерцијална банка АД Скопје, застапувана од Управниот одбор, има намера да даде понуда за преземање на сите обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка А.Д. Битола“. Ова е известувањето што најголемата домашна банка го објави на својата веб-страница.

На оваа тема и досега се зборуваше, а уште од лани имаше информации дека двете банки ги разгледуваат можностите за нивно присоединување. Пред речиси една година соопштија дека клучна за нивното присоединување ќе биде анализата на завршните сметки за 2023. Притоа, беше нагласено само тоа дека постои интерес од двете страни за понатамошно заедничко функционирање. Исто така, тогаш посочија дека „вистинската длабинска анализа ќе биде спроведена после усвојувањето на завршните сметки за 2023 година на двете банки на нивните собранија во 2024 година“.

Таа фаза заврши, а банките веќе ги објавуваат полугодишните финансиски извештаи. Активата на Комерцијална банка е 2,7 милијарди евра, а на битолската Стопанска банка 190,8 милиони евра. Ако и кога ќе се реализира ова спојување, тоа ќе претставуба второ големо укрупнување во банкарскиот сектор. Претходно, тоа го направија Шаркасе и Охридска банка.

Клучни зборови

  • комерцијална банка
  • намера за преземање
  • Стопанска банка Битола
Странична рекламаplaceholder
Рекламаplaceholder

Pari.com.mk

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Навигација

  • Почетна

Податоци

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

Систем

Тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст тест текст.

© 2026 Pari.com.mk