Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Мицкоски: Растат и платите и пензиите, Македонија е меѓу најбрзорастечките економии во Европа

24 мар. 2025 г.·2 мин читање·2944 прегледи

Следете не на Viber

еконоски растТретиот и четвриот квартал од минатата година беа супер успешни и по подолго време земјата забележа трипроцентен раст. Со тоа, Македонија се вбројува меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа, смета премиерот Христијан Мицкоски, кој порача дека доаѓаат убави времиња.

„Имавме два супер успешни квартали, тоа беше четвриот и третиот квартал од минатата година. За првпат забележавме раст после долго време, од три проценти и сме во првите пет најбрзорастечки економии во Европа. Очекувам тој тренд да продолжи и во овој прв квартал од оваа година“.

Одговарајќи на новинарско прашање за податоците од Државниот завод за статистика кои се однесуваат за движењето кај просечната плата, премиерот искоментира дека тоа се случува и покрај обвинувањата на опозицијата дека Владата е против растот на платите. „Еве гледате дека растат“, рече Мицкоски, додавајќи дека очекува да продолжи економската консолидација.

Воедно, потсети дека од први април и пензиите ќе бидат зголемени за дополнителни 2.500 денари.

„Тоа што го ветивме првата година ќе го реализираме за девет месеци. И, во суштина, за овие девет месеци, направивме многу убави работи што дел ги ветивме, дел ги реализиравме, а не ги ветивме. Така што, во делот на економското консолидирање на државата, мојата порака до граѓаните е да бидат спокојни, убави времиња доаѓаат за Македонија и за македонската економија“, порача Мицкоски.

(Фото: Freepik)

Клучни зборови

  • економски раст
  • раст на пензии
  • раст на плати
  • Христијан Мицкоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk