Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Мицкоски: Пречките се надминати, третата делница од пругата кон Деве Баир во развоен процес

29 авг. 2025 г.·2 мин читање·6277 прегледи

Следете не на Viber

Третата фаза е во процес на развивање, битно е дека сите пречки од минатото што се случуваа се надминати, постигната е согласност со нашиот источен сосед, изјави премиерот Христијан Мицкоски, за активностите кои се одвиваат на проектот за изградба на третата делница од пругата кон Бугарија од Коридорот 8. За таа цел Владата донесе одлука за активирање на грант од Европската инвестициска банка, како техничка поддршка за ревизија на основниот проект. Потоа ќе уследи тендер за градежните работи.

„Третата фаза ќе биде од големо значење за нас како држава. На тој начин ќе ја потврдиме нашата цел да бидеме крстосница на многу значајни паневропски коридори 8 и 10. Третата фаза е во процес на развивање. Битно е дека сите пречки од минатото што се случуваа се надминати, постигната е согласност со нашиот источен сосед. Нашиот дел, со одлуката на Владата да се активира грантот што значи техничка поддршка од страна на ЕИБ значи дека и ние почнуваме со овој проект. Техничката поддршка значи ревизија на основниот проект, ревизија на целосната документација и потоа објавување јавен повик за изградба на третата фаза“, наведе Мицкоски, кој денес изврши увид на градежните активности што се одвиваат на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“.

Како што истакна, со тоа ќе се заокружи целата делница од Куманово до границата со Бугарија, која е дел од Коридор 8.

„Коридорот 10 е дел од проектот којшто го имаме со Владата на Обединетото Кралство, и тука сме во напредна фаза. Така што убави вести, убави моменти ќе има за Македонија и граѓаните во периодот којшто следи“, најави Мицкоски.

Клучни зборови

  • пруга со Бугарија
  • трета делница
  • Христијан Мицкоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk