Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Мицкоски: Новата фабрика на „Магна Мехатроникс“ во Штип – силен акцелератор на економскиот развој 

2 апр. 2025 г.·2 мин читање·3193 прегледи

Следете не на Viber

Во Технолошко-индустриската развојна зона во Штип официјално почна со работа „Магна Мехатроникс“, во која треба да се ангажира работна сила од 600 лица. Ова е втора инвестиција на канадската компанија, дел од „Магна Интернационал“, која произведува интегрирани системи од механички и електронски компоненти. Првата е во рамките на ТИРЗ Струга.

„Денес е посебен ден за сите граѓани кои посакуваат економски раст, стабилност и можности за напредок. Со особена чест и гордост сме собрани тука за да го одбележиме официјалниот почеток на новата фабрика, инвестицијата на ‘Магна Мехатроникс’, што ќе биде силен акцелератор на економскиот развој и позитивните промени што ги создаваме во нашата држава“, нагласи премиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на свеченото отворање.

Според него, оваа инвестиција не е само капитален проект, туку вистинска приказна за доверба, партнерство и заедничка визија.

„Се простира на 18.000 метри квадратни, за што ќе бидат инвестирани околу 40 милиони евра и од презентацијата на претходните говорници можеме да заклучиме дека ќе бидат вработени во самиот пик на инвестицијата повеќе од 600 лица. Благодарение на оваа фабрика, се отвораат нови работни места, се зголемува индустриското производство и се зајакнува економијата“, посочи Мицкоски. Освен тоа, додаде, „нашата земја ја покажува својата подготвеност да биде дом на успешни и конкурентни компании, кои не само што произведуваат, туку и создаваат вредности што ќе се чувствуваат низ генерациите“.

Како што вели, Владата останува посветена на создавање поволна деловна клима, транспарентни услови за инвестиции и поддршка за секој стопанственик кој има визија да вложува и да расте овде.

„Ова е само почеток на една успешна приказна. Уверен сум дека оваа фабрика ќе биде доказ дека тука кај нас може да биде конкурентен и привлечен секој еден инвеститор којшто ќе развива инвестиции и производство“, истакна премиерот.

Градежните работи на оваа фабрика почнаа во мај 2023 година, кога освен новите 600 вработувања беше најавено дека и платите ќе бидат за 20 проценти повисоки од државниот просек.

Инаку, „Магна“ се вбројува меѓу најреномираните светски компании, која дизајнира, развива и произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на производителите на автомобили во светот.

Клучни зборови

  • Магна Мехатроникс
  • нова фабрика
  • ТИРЗ Штип
  • Христијан Мицкоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk