Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Мицкоски: Ќе поведам регионална иницијатива за здружени инвестиции во енергетиката

25 мар. 2026 г.·3 мин читање·1972 прегледи

Следете не на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски во синоќешното интервју во емисијата „Заспиј ако можеш“ говореше за можноста регионот заеднички да настапува во поглед на привлекување на идните енергетски инвестиции за задоволување на доаѓачките потреби во светот. Премиерот потсети на последното негово учество во рамки на Светскиот Економскиот Форум во Давос. Тој посочи дека на една од панел дискусиите имал прилика заедно да учествува со Фатих Бирол, од Светската Енергетска Агенција, американскиот секретар за енергетика, првите луѓе на АЕС и АРАМКО и главна тема на таа дискусија биле енергетските предизвици во светот во иднина.

„Бирол посочи дека потребите за енергија во светот во следната деценија ќе растат, но потребите за електрична енергија ќе растат два и пол пати побрзо отколку вкупните потреби за енергија. Во следната деценија ќе недостасуваат околу 40.000 теравати инсталиран капацитет во светот. За да имаме чувство оваа бројка што значи, таа е моменталниот инсталиран капацитет на САД, Канада, ЕУ и Јапонија заедно. Толку ќе треба нов инсталиран капацитет во светот следнава деценија да се изгради.

Ако ние како држава се појавиме со иницијатива никој може нема да не препознае, но ако како регион Западен Балкан се појавиме, бидејќи далноводите и гасоводите немаат шенген правила, и да привлечеме само 0,1% од тие 40.000 тера вати да изградат тука такви капацитети, тоа се 4 тера вати. Цената на чинење на еден инсталиран мегават е 1 милион американски долари. Ние зборуваме за 4 милиони мегавати, помножено со 1 милион долари, ние зборуваме за 4 трилиони американски долари. Ако го поделиме тоа на 10 години, доаѓаме на 400 милијарди американски долари годишно. Вкупниот номинален БДП на сите 6 балкански земји е 250 милијарди долари. А јас ви велам само 0.1% да успееме да ги донесеме од ова што ќе му треба на човештвото во следната деценија“, објасни премиерот.

Мицкоски дополни дека разговарал со дел од своите колеги за оваа можност и најави дека за тоа сака да дискутира со сите земји од регионот на следниот состанок ЕУ Западен Балкан во Подгорица и од тоа да произлезе регионална иницијатива.

„Предлог ми даде и министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, да ја брендираме со име SECI (Skopje Еlectricity Connectivity Initiative), така да ја именуваме и тука да го направиме тој прв состанок, во кој сите ние ќе предложиме проекти, кои потоа ќе бидат дел од тој регионален пул на проекти кои ние ќе го нудиме на странски инвеститори. Притоа да дефинираме приоритети, од наша страна овој е тимот, од албанска страна е друг тим, од српска е трет тим, црногорска, косовска, босанска, да формираме тимови и да се поделиме на различни центри во светот и да го претставиме тоа што ние го нудиме како регион во делот на инвестициите. Тоа е корисно и за Европа, но и ние како регион да покажеме политичка порака дека ние можеме да се обединиме за повисока цел и можеме заедно да работиме“, заклучи Мицкоски.

Клучни зборови

  • енергетика
  • земји од регионот
  • регионална иницијатива
  • Христијан Мицкоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk