Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Мицкоски: Ако сакаме раст, мора да го урнеме коруптивниот систем

23 апр. 2025 г.·2 мин читање·548 прегледи

Следете не на Viber

Планот за раст и реформската агенда не е само услов за интеграција. Таа е инструмент за оздравување на нашето општество. Интеграциите и растот се наш компас, но реформите мора да бидат наши одлуки, наши политики, наше национално зреење, нагласи премиерот Христијан Мицкоски на дебатата за реформската агенда.

Како системски проблем кој се испречува на тој пат ја наведе корупцијата и потребата од итни реформи во правосудството.

„Да бидеме отворени и искрени – корупцијата кај нас не е само појава, таа е дел од начинот на функционирање на одредени делови од општеството. Таа е систем кој се штити сам себе. Ако сакаме во Европската унија, ако сакаме раст мора да го урнеме тој систем“, посочи Мицкоски.

Според него, граѓанинот се чувствува понижен, беспомошен, принуден да „плати за да добие“ лекарска помош, правна заштита или некаква административна услуга.

„Таква држава не може да напредува. А, уште позагрижувачки е што институциите кои треба да се борат против корупцијата – обвинителството и судството – честопати се неми, неефикасни или пак, под политичко влијание“, истакна премиерот.

Воедно, укажа дека државата сега се наоѓа на крстопат.

„Секој народ има моменти кога мора да избере: ќе остане во удобната стагнација или ќе се соочи со потребата од длабоки и храбри промени. Државата е токму во еден таков момент – на раскрсницата помеѓу стариот систем и новата европска иднина“.

За развој на државата, како што рече Мицкоски, освен институциите, потреба е и функционална економија.

„Ниту една држава не се развива само со институции – потребна е економија што функционира. Затоа Реформската агенда и Планот за раст мора да оди рака под рака со поддршката на домашните претприемачи, привлекување странски инвестиции, но и фер пазар каде нема да има монополи, нема фаворизирани играчи и нема административни бариери за реалниот човек“, наведе тој, додавајќи декатрајни и инклузивни реформи не се можни без отворен дијалог и партнерство со граѓанскиот сектор.

 

 

 

Клучни зборови

  • план за раст
  • реформска агенда
  • Христијан Мицкоски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk