Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Пензиски Фондови

МАПАС потпиша Меморандум за соработка со Македонска Асоцијација за Човечки Ресурси – МАЧР

17 фев. 2022 г.·2 мин читање·535 прегледи

Следете не на Viber

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС со поддршка на пензиските друштва започнува активна соработка со граѓанскиот сектор во сферата на финансиската едукација, особено во делот на подигање на свесноста кај населението за придобивките од капитално финансираното пензиско осигурување. По тој повод на ден 15.02.2022 година во просториите на Агенцијата се склучи Меморандум за соработка со Македонска Асоцијација за Човечки Ресурси – МАЧР од Скопје.

Целта на оваа соработка е спроведување на заеднички активности за финансиска едукација и подигање на свеста на вработените лица за своите права со акцент на правата од капитално финансирано пензиско осигурување. Заедничката соработка ќе се однесува на размена на искуства, знаења и податоци, унапредување на националното законодавство во соодветната област на делување, реализација на проекти од заеднички интерес и примена на меѓународни искуства.

Во рамките на Меморандумот, Агенцијата во соработка со пензиските друштва ќе вклучи лица/експерти за учество на тренинг програми во рамките на работата на Асоцијацијата во делот на придобивките од долгорочното инвестирање и капитално финансираното пензиско осигурување.
Двете страни во рамките на Меморандумот се обврзаа за редовна соработка и следење на процесот на имплементацијата на активностите за финансиска едукација и финансиска инклузија, на кој начин во континуитет ќе се даваат насоки за унапредување на истите.

Преку оваа соработка се очекува да се прошири мрежата на организации за финансиска едукација и финансиска инклузија во нашата земја со цел да се подигне свеста за значајноста на истата за населението, а особено за младите и маргинализираните групи во носење финансиски одлуки кои ќе им обезбедат долгорочна сигурност и квалитет на живот во старост.

Клучни зборови

  • Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување
  • Македонска Асоцијација за Човечки Ресурси
  • МАПАС
  • МАЧР
  • Меморандум за соработка
  • финансиска едукација
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk