Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Мала банка, солидни резултати: Добивката на ТТК за 47,6 проценти ги надмина плановите

4 авг. 2024 г.·2 мин читање·2642 прегледи

Следете не на Viber

Малата банка добро котира на банкарскиот пазар. Финансискиот резултат, односно добивката како клучен индикатор за работењето, е 49,4 милиони денари. Уште повеќе, за 16 милиони денари или за 47,6 проценти е над првичната проекција на ТТК банка.

Во текот на шесмесечното работење, како што се наведува во финансискиот извештај, Банката генерирала „позитивен нето-оперативен приход пред исправките на вредност во износ од 75,4 милиони денари, како резултат на остварените оперативни приходи во износ од 273,5 милиони денари и остварените оперативни трошоци во износ од 198,1 милиони денари“. А, исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа е 25,9 милиони денари.

Споредено со ланското прво полугодие, во годинешното приходите што ги носат каматите се зголемени за 17,1 насто. Па, нето-приходите достигнуваат 170,7 милиони денари, со што планот во овој сегмент е исполнет со 101,1 процент.

Активностите во домашниот платен промет и работењето со картички на ТТК банка и обезбедиле 80,1 милион денари од пресметаните и наплатени провизии и надоместоци. Ефектот, пак, од курсните разлики е нето-приход од 8,1 милион денари и годишен раст од 12%. Останатите приходи од работењето изнесуваат 8,1 милиони денари и овде има пад од 70,1%.

Што се однесува до трошоците, и тие се зголемени за 10,4 проценти, односно во таа ставка се запишани 198,1 милион денари.

Во првата половина од годинава, ТТК банка го зголеми почетниот капитал за 67.587.000 денари. Вкупниот капитал, по извршената скрип емисија на 1.033.173 обични акции со номинална вредност од 1.000 денари, изнесува 1.033.173.000 денари.

И во идниот период во фокусот на ТТК банка останува стабилното и профитабилно работење. Очекувањата се дека ќе се засили кредитната активност во соработка со населението и со малите и средни претпријатија, при што Банката ќе реализира активности за одржување на квалитетот на портфолиото, конкурентноста и развојот на понудата.

Клучни зборови

  • добивка
  • прво полугодие 2024
  • приходи
  • скрип емисија
  • ттк банка
  • финансиски резултати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk