Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БизнисЛичен Развој

Макстил со инвестиција од 9 милиони евра ќе ја зголеми енергетската ефикасност и безбедноста на производниот процес

18 окт. 2023 г.·2 мин читање·895 прегледи

Следете не на Viber

Макстил со инвестиција вредна 9 милиони евра ќе внесе значајни промени за унапредување на производниот процес. Потпишан е договор за набавка и испорака на нова кружна странична ножица за сечење лим. Набавката на новата машина е во вредност од 6,3 милиони евра, додека целата инвестиција се очекува да достигне вредност од 9 милиона евра.

Набавката на новата машина, која ќе биде составен дел на погонот Валавница, за Макстил ќе значи оптимизација на производниот процес и зголемување на енергетската ефикасност. Исто така, со примената на оваа нова машина преку поголема автоматизација ќе се постигне највисоко ниво на безбедност, како од аспект на собирање на отпадните челични парчиња, така и од аспект на транспорт на истите надвор од просториите на погонот Валавница, кои потоа повторно ќе бидат вклучени во производниот процес при топењето на старото железо во погонот Челичарница. Со целиот процес на примена на новата машина во целост ќе биде запазен концептот на циркуларна економија.

Договорот за набавка на новата машина беше потпишан во Милано меѓу менаџерскиот тим на Макстил предводен од претседателот на ОД Димитар Цветковски, генералната директорка Марија Дуковска-Павловска и директорот за одржување при погонот Валавница, Кирил Стојановски, со менаџментот на групацијата СМС (SMS Group), водечка компанија во металната индустрија, со седиште во Германија.

Целиот овој процес на модернизација на опремата во Макстил е во насока на подобрување на квалитетот на финалните производи, намалување на производните трошоци и трошоците за одржување, како и во насока на задоволување на најстрогите барања на купувачите.

Новата машина се очекува да влезе во функција во текот на вториот квартал на 2025 година.

Комерцијален текст

Клучни зборови

  • енергетска ефикасност
  • инвестиција
  • макстил
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk