Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Макошпед“ во првата половина од годината со добивка, но намалена за над 37% од лани

6 авг. 2024 г.·3 мин читање·993 прегледи

Следете не на Viber

„Макошпед“ АД Скопје за периодот јануари – јуни 2024 година оствари добивка од  4.07 милиони денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и е намалена за околу 37,5% во однос на истиот период лани, чија што добивка изнесувала 6,5 милиони денари. А оствари добивка во износ од 2,9 милиони денари искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех, и е намалена во однос на 2023 година, чија што изнесувала 6,5 милиони денари.

„Макошпед“ е првата и најстара шпедитерска компанија во земјава . Основна дејност на компанијата е меѓународна шпедиција и транспорт и јавни и цариснки складишта.

Остварените вкупни приходи на компанијата за првата половина од годината изнесуваат 16,4 милиони денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2023 година бележат намалување.

Оперативните приходи изнесуваат 12,5 милиони и бележат значително намалување во однос на оперативните приходи за истиот период од  2023 година.

Финансиските приходи изнесуваат 3,9 милиони денари и истите бележат намалување во однос на финансиските приходи во истиот период во 2023 година.

Вкупните расходи за период јануари – јуни 2024 година во износ од 12,4 милиони денари бележат намалување во однос на вкупните расходи за истиот период лани.

И оперативните расходи во периодот јануари – јуни 2024 година изнесуваат околу 12,4 милиони денари и тие бележат намалување во однос на минатата година.

Финансиските расходи изнесуваат еден милион денари и бележат намалување во однос на финансиските расходи за истиот период 2023 година.

Остварените консолидирани вкупни приходи за период јануари – јуни 2024 година изнесуваат 20,1 милиони денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период 2023 година бележат намалување.

Консолидираните оперативни приходи за период јануари – јуни 2024 година изнесуваат 16,2 милиони денари и бележат намалување во споредба со остварените оперативни приходи за истиот период 2023 година,

Консолидираните финансиски приходи изнесуваат 3,9 милиони денари и бележат намалување во споредба со остварените финансиски приходи за истиот период 2023 година.

Консолидираните вкупни расходи првава половина од годината се во износ од 17,2 милиони денари и бележат намалување во однос на вкупните расходи  од лани.

Консолидираните оперативни расходи првите два квартала изнесуваат 17,2 милиони денари и бележат намалување во однос на истиот период 2023 година.

Консолидираните финансиски расходи  изнесуваат еден милион денари и бележат намалување во однос на финансиските расходи за истиот период минатата година.

 

Клучни зборови

  • добивка
  • макошпед
  • приходи
  • расходи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk