Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Македонијатурист А.Д прокнижи загуби од 12,65 милиони денари

10 авг. 2020 г.·4 мин читање·1318 прегледи

Следете не на Viber

               КОМЕНТАР НА БИЛАНСОТ НА УСПЕХ

               На Македонијатурист ХУАД – Скопје за период  01.01.-30.06.2020 година

Финансиски податоци  на акционерското друштво

Друштвото во првите шест месеци од  2020 година од својата основна дејност- хотелски и ресторански услуги  како и од други споредни дејности оствари  негативен финансиски резултат односно бруто Загуба од 12,65 мил. денари односно нето загуба 12,65 мил. денари. Финасискиот резултат за овој период е намален во однос на истиот период во минатата 2019 година, кога Друштвото оствари позитивен финасиски резултат.

Вкупните приходи за шест месеци од 2020 год. изнесуваат 78,72 мил. денари и се  намалени за 57%, додека пак приходите од продажба се намалени за 74% во однос на претходната 2019 година. Сето тоа е директна последица од  пандемијата на вирусот Ковид-19.

Вкупните трошоци и расходи од работењето за првите шест месеци од 2020 год. изнесуваат 91,37 мил. денари и се намалени за  25%  во однос на 2019 година.

Негативниот финасиски резултат од работењето Друштвото го оставри во услови на прогласена вонредна состојба во Државата, поради пандемијата на вирусот Ковид-19 , како  и  согласно Одлуката на Владата за привремео затворање на сите угостителски објекти  кон која се приклучи и “Македонијатурист” АД Скопје што како последица се одрази во голема мера во  работењето на  хотелско угостителската дејност, поради откажување на сите аранжмани, затворање на границите  и аеродромите уште во почетокот на месец март во 2020 година.

Македонијатурист АД Скопје како општествено одговрна компанија  се вклучи во борбата против ширењето на вирусот Ковид-19 со тоа што дел од нејзините сметувачки капацитети без надомест се искористија за сместување на лица спроведени во државен карантин организиран од Владата на РМ.

И покрај остварениот  негативен финансиски резултат во привите шест месеци од годината, финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност на Друштвото се на доста високо ниво.

Имајќи ги во предвид напред изнесените податоци, а со оглед на тоа дека глобалната  здравствена пандемија сеуште трае и се одразува и на севкупното намалено работење на економиите во светот, при што ваквата состојба се очекува да продолжи и во следниот период,  Друштвото се соочува со неизвесност во однос на условите за работа со својата дејност.

Сето ова може да предизвика понатамошно намалување на финансискиот резултат на Друштвото, односно искажување на Загуба во идните периоди од деловната 2020 година

Сметководствени политики и методи на вреднување

Во период од 01.01-30.06.2020 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во ревидираните финансиските извештаи на  Македонијатурист АД – Скопје.

Дивиденда

На ден 15.04.2020 година на Годишното собрание на акционерите на Друштвото одржано согласно вонредните услови во Државата преку писмена коресподенција одобрена е пресметка и исплата на бруто дивиденда за 2019 година во износ од  92.393.994 денари. Дивидендата  за 2019 година е исплатена во законски определениот рок.

Обврски по кредити

“Македонијатурист” АД Скопје на 10.02.2020 година склучи долгорочен под-кредит преку “Шпаркасе Банка” АД Скопје од кредитната линија на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР) во износ од 300.000 Еур за набавка на нова опрема за своите објекти Хотел “Холидеј Ин” и Хотел “Белви” во Скопје.

Инвестиции

“Македонијатурист“ АД Скопје во текот на шесте месеци од  2020 направи нови вложувања во износ од 10.488.684 денари во градежни објекти, опрема како и за одржување на  постојната опремата во своите објекти.

И покрај вонредната состојба во земјата Друштвото своите идни инвестициони активности  во континуитет ги насочува кон реновирање и модернизација на постојните хотелски и ресторански капацитети и кон подобрување на условите за работа, спроведување на нови законски регулативи и задолжително спроведување на нови стандарди за брендираните хотели и тековно одржување.

Во извештајниот период Друштвото нема продажба и отпис на постројки и опрема.

Вложувања во краткорочни хартии од вредност –удели во отворени инвестициски фондови во земјата

“Македонијатурист“ АД Скопје во текот на 2020 година почнувајќи од 31.12.2019 година  до 30.06.2020 година има  вложено средства вкупни средства во купување на удели  во отворени  инвестициски фондови во Р.Македонија во вкупен износ од  163.898.357 денари.

Вложувања во хартии од вредност расположиви за продажба

“Македонијатурист“ АД Скопје во извештајниот период има нови вложувања во хартии од вредност во купување на обични акции кај други правни лица во Р.Македонија кои котираат на Македонска берза и тоа 2.000 акции во Комерцијална банка АД Скопје, 2.700 акции во ТТК Банка АД Скопје и 518 акции во НЛБ Банка АД Скопје  во вкупен износ од износ од 23.392.511,00 денари.

Клучни зборови

  • биланс на успех
  • загуба
  • Македонијатурист ад Скопје
  • негативен финансиски резултат
  • финансиски резултати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk