Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Од 964 илјади работоспособни граѓани во Македонија, мажите се побројни во споредба со жените

27 јул. 2020 г.·2 мин читање·639 прегледи

Следете не на Viber

Најголем дел се вработени во преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало, земјоделството и градежништвото. Речиси во сите сектори во последните три години има зголемување на бројот на вработени, освен во земјоделството.

И понатаму мажите се побројни на работните места во споредба со жените, иако се бележи зголемување на стапката на вработеност и кај жените од 8,7 процентни поени. Државниот завод за статистика во публикацијата „Северна Македонија во бројки“ објавува дека минатата година во земјава имало 477.437 вработени мажи во однос на 320.214 жени што значи дека за над 150 илјади е помал бројот на вработени жени во однос на мажите, иако во поглед на стекнатото образование, особено високото, процентуално на исто ниво се и мажите и жените.

Статистичките податоци покажуваат дека во земјава лани се евидентирани и 166.363 невработени лица од кои најбројни се оние кои долги години бараат работа. Такви се 78.388 лица. Сепак, оваа бројка е помала во однос на 2009 година кога имало 190.768 невработени лица кои подолго време барале работа.

Стапката на долгорочно невработени лица во 2019 изнесува 13,1 проценти и во однос на 2009 година бележи намалување од 13,2 процентни поени, се наведува во публикацијата.

Најмногу од вработените се на возраст од 35 до 39 години, а најголем процент на невработени се младите на возраст од 25 до 29 години.

Клучни зборови

  • Вработени
  • жени
  • мажи
  • Невработени
  • статистика
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk