Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Избори '25

Лукровски: Проблемот со паркирањето во Карпош ќе го решиме со 600 нови паркинг места

3 окт. 2025 г.·2 мин читање·538 прегледи

Следете не на Viber

Ги детектиравме носечките проблеми на карпошани. На прво место е бетонизацијата, која им пречи на луѓето, затоа што досега било пракса да никнуваат насекаде нови станбени единици. Проблемот со паркирањето ќе се реши со монтажни гаражи, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на таа општина, Сотир Лукровски. Во синоќешната Тема на денот на Сител тој ја промовираше својата програма и изнесе неколку решенија за проблемите кои карпошани ги имаат посочено во анкета што ја има спроведено.

Тој истакна дека прво што ќе направи ќе биде стоп на бетонизацијата без план и без визија.

„Ги детектиравме носечките проблеми на карпошани. На прво место е популарно бетонизацијата, која им пречи на луѓето, затоа што досега било пракса да никнуваат насекаде нови станбени единици“, нагласи Лукровски.

Најави и ревизија на сите дупови и создавање на ново јавно претпријатие Карпош план кое ќе се занимава со планско градење на општината.

„Ќе направиме ревизија на сите постоечки дупови и создавање на ново јавно претпријатие Карпош план со кое ќе детерминираме се она што ќе се гради во нашата општина. Ќе гледаме да направиме доколку има потреба од нова градба, да во иднина има и зеленило и решенија за паркинг просторот“, потенцираше Лукровски.

Уште еден од приоритетите што ги најави дека ќе бидат решени во неговиот мандат се паркинг местата. Лукровски најави нови 600 паркинг места во Карпош.

„Предвидени се околу 600 нови паркинг места преку монтажни гаражи, на постоечките места, во Карпош 2,3,4, на Млечен и во Влае. 80 на Млечен, 70 во Влае 130, во Карпош 4, 120-150 Карпош 3 и 110 во Карпош 2 и така ќе стигнеме до нови 600 паркинг места, со што се надевам ќе ги тргнеме возилата од пешачките патеки“, заклучи Лукровски.

Клучни зборови

  • локални избори 2025
  • Општина Карпош
  • Сотир Лукровски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk