Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Избори '25

Лукровски: Ќе се формира ЈП „Карпош план“ за ревизија на урбанистичките планови

2 окт. 2025 г.·2 мин читање·78 прегледи

Следете не на Viber

На Карпош му е доста од бетонизација. Нашата Општина, која со години важеше за пример на хумано и квалитетно живеење, денес е под притисок на непланска градба, урбанистички решенија кои ја гушат секоја населба. На Карпош му е доста од градби кои го одземаат зеленилото и создаваат бетонски џунгли, нагласи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на оваа скопска општина, Сотир Лукровски.

„Јас велам ‘не’ за дуповите по мерка на урбаната мафија и ‘не’ за пренатрупување на нашите населби. Досега видовме како интересите на мал број инвеститори беа ставени  пред интересот на граѓаните. Сведоци сме како паркови, игралишта исчезнуваа, а на нивно место никнуваа згради. Луѓето од Карпош живеат во страв дека паркот пред зградата, дека дрвото до нивниот влез, дека просторот за нивните деца, ќе стане само уште една нова градежна парцела.

Јас Сотир Лукровски, ви ветувам дека тоа ќе престане“.

Според него, идното раководство на Општина Карпош ќе направи неколку клучни чекори. Прво, целосна ревизија на сите детални урбанистички планови, дупови. Секој план што е донесен спротивно на јавниот интерес ќе биде вратен и преиспитан. Ќе се формира ЈП „Карпош план“, кое ќе биде под целосна контрола на Општината и на граѓаните и ќе изработува планови во интерес на хуманата урбанизација, а не по нечија нарачка.

„Гарантирам отворен процес на консултации со жителите и ниту еден план нема да се носи без транспарентна дебата и директна вклученост на оние што живеат во таа населба“.

Клучни зборови

  • локални избори 2025
  • Општина Карпош
  • Сотир Лукровски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk