Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Лукаревска: Погодените од кризата ќе бидат ослободени од плаќање аконтации за данок за март, април и мај

15 апр. 2020 г.·5 мин читање·31 прегледи

Следете не на Viber

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска денес во Медиа центарот на Владата на Република Северна Македонија одржа прес конференција посветена на Уредбата со законска сила за примена на законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба за време на вонредна состојба со која се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данок на добивка за месеците март, април и мај 2020 година и Уредбата со законска сила за примена на законот за данокот на личен доход за време на вонредна состојба, со којашто се предвидува ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход за месеците март, април и мај 2020 година.

На почетокот Директорката истакна дека соочени со последиците предизвикани од глобалната пандемија Коронавирус во овој момент најважна е помошта од државата со којашто ќе им се помогне на сите кои се директно погодени од оваа криза и во продолжение ги објасни условите за ослободување од плаќање на аконтации за данок на добивка и данокот на личен доход како и начините на поднесување на барањата.

Лукаревска истакна дека ослободувањето од плаќање на аконтации на данок на добивка се однесува на правните лица кои вршат угостителска дејност, дејност на туризам или транспорт и други обврзници, кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките од (COVID-19), а за да го користат ова право потребно е да ги исполнуваат следните услови:

  • Да не исплатуваат дивиденда на сопствениците, награда за деловна успешност (учество во добивка, бонус) или друг вид на годишна награда на вработените и органите на управување и надзор на даночниот обврзник, од денот на влегувањето во сила на уредбата со законска сила, до денот на траењето на ослободувањето (15 јуни 2020 година) и
  • Да не го намалат бројот на вработени, сметано од 26.03.2020 година до три месеци по престанувањето на нејзината важност, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените.

Додека Обврзниците од останатите дејности, правото од ослободување од плаќање на аконтациите на данокот на добивка може да го остварат доколку исполнуваат и еден од следните услови:

  • Вкупните приходи на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40% во однос на истиот период претходната година, или
  • Бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките , да изнесува најмалку 25% во однос на вкупниот број на вработени во месец февруари 2020 година, или
  • Даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

Даночните обврзници, го остваруваат ова право со електронско поднесување на образец Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтации на данок на добивка (образец ДД-ОМА) преку системот e-Даноци на УЈП, а досега до Управата за јавни приходи поднесени се вкупно 370 барања.

За ослободувањето од плаќање на данокот на личен доход Лукаревска истакна дека може да го искористат обврзниците кои остваруваат доход од вршење на угостителска дејност, туризам и транспорт, но и други даночни обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејнoст, а имаат претрпено штети во своето работење заради спроведување на мерките за COVID-19.

Обврзниците кои остваруваат доход од вршење на угостителска дејност, туризам и транспорт не треба го намалат бројот на вработени, сметано од 26.03.2020 година до три месеци по престанувањето на важноста на уредбата, освен во случај на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработен, додека обврзниците од останатите дејности кои имаат претрпено штети во своето работење покрај овој треба да исполнат и еден од следните услови: вкупните приходи на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 40% во тековниот месец во однос на месец февруари 2020 година, или намалувањето на вкупните приходи за 2020 година изнесува повеќе од 40% во однос на истиот период претходната година, или бројот на вработени кои не работат односно не придонесуваат во економската активност на даночниот обврзник-работодавач, заради спроведување на мерките за COVID-19 да изнесува најмалку 25% во однос на вкупниот број на вработени во месец февруари 2020 година, или даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

За користење на ослободувањето самовработените лица поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец ДЛД-ОМА) преку системот е-Персонален данок на Управата за јавни приходи.

Директорката истакна дека Управата за јавни приходи овозможи автоматска обработка на поднесените Барања при што обврзникот добива повратна порака за статусот на Барањето.

Барањето се однесува за трите месечни аконтации кумулативно ( март, април и мај 2020) така што обврзниците не треба да поднесуваат барање за секоја аконтација посебно. Доколку обврзникот добие порака дека Барањето е комплетно и е прифатено, автоматски се применува ослободување од плаќање на аконтациите на данок за месеците март, април и мај 2020 година.

Доколку обврзникот има поднесено комплетно и прифатено барање сите наредно поднесени барања ќе добијат статус на отфрлени.
Доколку обврзникот направил грешка при пополнување, поради што барањето е отфрлено, истиот треба да поднесе ново барање.

Директорката упати повик до самовработените лица и компаниите и ги охрабрува доколку ги исполнуваат условите од овие Уредби, да поднесат Барање до Управата за јавни приходи и да ја искористат оваа поддршка бидејќи единствената цел на овие мерки е помош и поддршка за да се преброди полесно овој тежок период.

Управата за јавни приходи како институција којашто гради и остварува партнерски однос со компаниите се обврзува на ефикасност и целосна услужност во реализацијата на овие мерки кои значат поддршка за секоја компанија којашто ги трпи последиците од корона кризата.

Клучни зборови

  • ослободување од данок
  • Сања Лукаервска
  • ујп
  • Управа за јавни приходи УЈП
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk