Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

КВАЛИТЕТНО ПОРТФОЛИО И ФЛЕКСИБИЛНИ РЕШЕНИЈА ЗА БАРАЊАТА НА КЛИЕНТИТЕ – Комерцијална банка продолжува по патеката на успехот

1 ное. 2024 г.·3 мин читање·1850 прегледи

Следете не на Viber

На Комерцијална банка и успеа да ја зголеми добивката за сериозни 45,1 процент и да обезбеди износ, досега невиден, на македонскиот банкарски простор, од 72 милиони евра. Елементите на тој резултат се приходите од 107,7 милиони евра, во кои значаен е уделот од 82 милиони евра на каматите. Комерцијална банка има одобрено вкупни кредити од 1,2 милијарди евра. А, износот на депозитите е убедливо највисок во споредба со другите банки – 2,37 милијарди евра. За девет месеци активата е зголемена за 3,2 насто и на последниот ден од септември е 2,74 милијарди евра.

Што и како понатаму?

Макроекономските услови во кои Банката ќе ја остварува својата активност до крајот на 2024 година се условени од домашните политички случувања, како и од сѐ уште неизвесниот и непредвидлив глобален амбиент и присутните ризици предизвикани од: продолжената војна во Украина и разгорувањето на воениот конфликт на Блискиот Исток, послабиот раст на кинеската економија како втора по големина во светот, рецесијата во Германија како наш најголем трговски партнер и зголемениот финансиски стрес кај високо задолжените земји. Ваквиот амбиент создава ризици за економскиот раст, инфлацијата и екстерната позиција, сметаат од Комерцијална банка.

Оттаму, додаваат, високото ниво на неизвесност во домашната економија и на меѓународен план упатуваат на потребата од поконзервативен пристап во обликувањето на очекувањата за 2024 година. Согласно најновите проекции од Светската банка се очекува македонската економија во 2024 година да забележи раст на БДП од само 1,8 % наспроти пролетната проекција од 2,5 % и мајските проекции од НБРСМ за раст на БДП од 2,6 %. Ваквата надолна корекција е резултат на долготрајните инфлациски притисоци, слабата надворешна побарувачка и одложената изградба на инфраструктурните проекти.

https://pari.com.mk/neviden-kjar-profit-od-72-milioni-evra-ja-brka-li-komercijalna-banka-stotkata/

Се очекува макроекономската стабилност да се остварува преку одржување на ценовната стабилност и стабилноста на номиналниот девизен курс на денарот во однос на еврото. Просечната годишна инфлација заклучно со крајот на третиот квартал изнесува 3,3 %, додека до крајот на 2024 година се очекува нејзино натамошно забавување. Сепак, нагорните ризици околу инфлацијата сѐуште постојат и се поврзани главно со: цените на примарните производи, промените на регулираните цени, како и со политиките на страната на побарувачката (расположливиот доход) и профитните маржи.

Се очекува дека банкарскиот систем и натаму ќе обезбедува солидна кредитна поддршка, во услови на отпочнато релаксирање на монетарната политика, преземени макропрудентни мерки и континуирано зголемување на стапката за противцикличен заштитен слој на капиталот кај банките. Кредитниот раст во 2024 година би изнесувал околу 6,1 %, додека годишниот раст на депозитите се предвидува да биде околу 7,4 %.

Комерцијална банка ќе ги презема сите неопходни активности за прилагодување кон новонастанатите состојби, при што и во следниот период ќе биде фокусирана пред сѐ на одржување на квалитетот на портфолиото и изнаоѓање флексибилни решенија на барањата на клиентите, ефикасно управување со трошоците, натамошна дигитализација на процесите и модернизација на деловната мрежа, прилагодување на деловните процеси во согласност со барањата на регулативата за платежни услуги и платни системи, како и со регулатувата за финансиски инструменти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност, унапредување на доброто корпоративно управување и на практиките за одржлив развој, имплементација на систем за управување со ризиците од климатски промени…

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • комерцијална банка
  • Очекувања за претстојниот период
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk