Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

КАКО СТОПАНСКА БАНКА НАБИЛДА ПРОФИТ ОД 45 МИЛИОНИ ЕВРА за само девет месеци?

30 окт. 2024 г.·3 мин читање·3983 прегледи

Следете не на Viber

Најстарата македонска банка располага со 18,5 проценти од вкупните депозити и има одобрено 20,2 проценти од сите кредити што ги користат граѓаните, компаниите… во земјава. По таа линија нето приливите од камати се зголемени за 11 насто. А, од пресметните каматни стапки се заработени 84,4 милиони евра. Сето тоа е цврста основа за раст на чистата добивка, која за една година е повисока за 12,54 насто. На крајот од септември финансискиот резултат на Стопанска банка Скопје е 45,35 милиони евра.

Солидни резултати и висока профитабилност е оценката на Стопанска банка Скопје за сопственото деветмесечно работење во амбиент на предизвици и неизвесности. Добивката пред оданочување и пред исправка на вредноста е зголемена за девет насто и изнесува 4.021.514.000 денари или 65,4 милиони евра.

„Во согласност со стратегијата на Групацијата и Банката како нејзин дел за одржување висок квалитет на активата и ниска стапка на нефункционални побарувања, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 922.253.000 денари, што е за 2% помалку споредено со минатата година, која покрај исправката за нефункционалните побарувања, вклучува и дел за покривање на ризиците и на редовното портфолио, како превентива од неочекувани движења“, појаснуваат од Банката.

Оттаму, добивката пред оданочување е 3.099.261.000 денари (50,4 милиони евра), а нето-износот е 2.789.335.000 денари (45,35 милиони евра).

Каматите се основата на банкарските приходи, а само по тој основ приливите се повисоки за 15,39 проценти и изнесуваат 5.192.947.000 денари (84,4 милиони евра). За споредба, минатата година во овој период биле наплатени 68 милиони евра. Нето-приходите од камати, пак, се 4.644.564.000 денари (75,5 милиони евра) и се зголемени за 11 насто.

Од наплатените провизии и надоместоци, пак, Банката инкасирала 644.601.000 денари (10,5 милиони евра). Тоа, како што се посочува, е на приближно исто ниво како и пред една година.

Нето-приходите од курсни разлики имаат петпроцентно зголемување и износ од 17.084.000 денари (1,9 милиони евра), а останатите приходи се 342.789.000 денари (5,57 милиони евра).

„И покрај сè уште присутните инфлаторни притисоци и ценовни флуктуации, Банката продолжува со оперативна ефикасност во однос на контролата на трошоците од работењето“, велат од скопската Стопанска банка, неведувајќи дека расходите се нешто повисоки – останатите расходи се 12,6, а тие поврзани со вработените – 14 милиони евра.

Вкупните депозити во оваа банка изнесуваат 102.823.705.000 денари (1,67 милијарди евра), додека одобрените кредити се во износ од 94.804.102.000 денари (1,54 милијарди евра).

За една година активата на Стопанска банка се зголемила за четири проценти и состојбата на 30 септември е 136.059.970.000 денари, односно 2,21 милијарда евра.

И во наредниот период во фокусот на Банката останува редовното и ефикасно извршување на деловните активности, одржувањето на лидерското пазарно учество од околу 27 проценти во сегментот на кредитирање на населението и реализација на заложбите за натамошно зголемување на уделот во делот на кредитирање на компаниите.

Годинава Стопанска банка прославува осум децении од основањето и според најавите, натамошен период ќе биде исполнет со бројни новитети и изненадувања наменети за клиентите, соработниците и за пошироката заедница.

М.А.

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • депозити
  • добивка
  • приходи од камати
  • раст на кредитирање
  • Стопанска банка Скопје
  • Финансиски извештај
  • финансиски резултати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk