Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Комерцијална банка вработува помлад соработник – Cashier во Скопје

19 дек. 2024 г.·3 мин читање·1557 прегледи

Следете не на Viber

Во Комерцијална банка има отворено место за работа на благајна. На определено време од 12 месеци, со можност за продолжување на договорот за вработување, распишан е конкурс за работната позиција – помлад соработник – Cashier. За извршување на обврските во текот на предвидената 40-часовна работна недела, следува почетна основна нето-плата од 34.890 денари.

Работните цели и задачи се состојат од: извршување готовински и безготовински платежни трансакции во денарскиот платен промет; понуда на депозитни производи; промоција и продажба на банкарски производи; брз трансфер на пари; менувачко работење; учество во промотивни кампањи.

Заинтересираните кандидати треба да се со завршено високо образование од областа на економските науки и да имаат познавање на англиски јазик и MS Office алатки. Не е важно дали се со или без работно искуство, но затоа мора да поседуваат висок личен интегритет, доверливост и чесност; прецизност во извршување на работните задачи; ориентираност кон потребите на клиентите; адаптибилност во динамична работна средина; комуникациски вештини за работа во тим.

Меѓу придобивките за лицето што ќе биде примено, се наведуваат: пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови; обуки од ментори со висок степен на стручност и искуство; можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции; доброволно приватно здравствено осигурување; програма за спорт и рекреација; учество во општествено одговорни и спортски активности, корпоративни настани, користење библиотека…

„Би бил одличен дел од тимот ако ги поседуваш потребните вештини, се препознаваш во овие вредности и имаш силна мотивација за успех“, велат од Комерцијална банка.

Огласот е отворен до 27.12.2024 година. Кандидатите можат да аплицираат на https://kb.mk/vrabotuvanje.nspx#!#jobs, преку e-mail vrabotuvanje@kb.mk или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. Васил Иљоски бр. 3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за вработување на Помлад соработник –  Cashier”. Телефон за контакт: (02) 3168-412.

На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, а изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, зависност од бројот на пријавените кандидати.

„Доколку сакаш да ги оствариш твоите желби и амбиции за професионален и кариерен развој во финансиска институција со долгогодишна традиција, која определбата за стабилност, ефикасност и иновативност ја гради со успешен и посветен тим на професионалци, те поттикнуваме да аплицираш за вработување“, порачуваат од Комерцијална банка.

Клучни зборови

  • комерцијална банка
  • Оглас за вработување
  • помлад соработник
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk