Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

И во кризната 2022: Комерцијална банка растура со кредити и профити

27 јан. 2023 г.·3 мин читање·4421 прегледи

Следете не на Viber

Депозитите се на ниво од 2,2 милијарди евра, од камати се инкасирани речиси 90 милиони евра, а нето добивката е 35 милиони евра

Парите растат на дрвото на упорноста. Комерцијална банка нема допирни точки со Јапонија, од каде што, патем, потекнува поговорката, но ја има истрајноста. Ни пандемијата, ни инфлацијата, ни домашно продуцираните и од надвор увезените шокови не ја намалија плодноста на дрвото, кое „разлиста“ со профит од 34,9 милиони евра.

Незгодите и непогодите што беа присутни во текот на минатата година, кога и е остварен овој деловен потфат, не успеале да им наштетат на корените. Каматите, провизиите, надоместите и курсните разлики резултираат со вкупни приходи од 89,7 милиони евра. Тука особено се значајни каматите, со нето приход од 50,3 милиони евра, што е за 26,1 насто натфрлување во споредба со 2021 година. Од провизии и надоместоци, пак, инкасирани се 17,3 милиони евра. Курсните разлики, кои за 70,4 проценти ја „шијат“ 2021 година, и донеле на Банката нето приходи од 5,4 милиони евра.

Со други зборови, плодородноста на дрвото е пред се во кредитирањето како активност со добар залет и кон фирмите и кон граѓаните, а потпомогнато со зголемените каматни стапки на благајничките записи и на депозитите пласирани во НБРСМ, со пласманите кои се движат по нагорна линија, исто како и вложувањето во државни хартии од вредност. Во прилог оди и зголемениот промет на девизниот пазар и обемот на работа кој постојано се шири.

Кредитирањето, односно растот во тој сегмент, како и повисокото ниво на претпазливост во проценката на кредитниот ризик, условиле нето-исправката на вредноста на финансиските средства да дојде до 16,1 милион евра. Односно, под притисок на неповолните економски ветришта бил издвоен поголем износ на резервации за корпоративното портфолио.

Инаку, кредитниот раст од 11,8 насто бил обезбеден од извори во сопственост на Банката, но и од кредитни линии. Тука се вбројува поддршка за пост-ковид опоравување на корпоративниот сектор, конкурентни услови за кредитирање на домаќинствата и „зеленото финансирање” како помош во енергетската транзиција.

Што се однесува до вкупните депозити, по зголемувањето од речиси два проценти, достигнат е износ од 2,2 милијарди евра.

Зголемени се, за 4,8 насто, акционерскиот капитал и резервите на Комерцијална банка. На крајот од 2022 биле на нивото од 252,8 милиони евра.

Што би рекле Јапонците – среќата помага понекогаш – работата секогаш.

Редакција Пари

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • добивка
  • комерцијална банка
  • профит
  • финансиски резултати 2022
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk