Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоФинансии

Комерцијална банка: Со 27,2 милиони евра од добивката ќе се засили основниот капитал

31 окт. 2024 г.·2 мин читање·1712 прегледи

Следете не на Viber

Дел од добивката остварена во деветте месеци од годинава, Комерцијална банка ќе ги употреби за зголемување на редовниот основен капитал. Со одлука на Надзорниот одбор, износот од 27,25 милиони евра ќе стане дел од сопствените средства на Банката со датум од 31 декември. За овој потег е добиена согласност од Народната банка.

„Врз основа на член 69 од Статутот на Комерцијална банка АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката на седницата одржана на ден 30.10.2024 година, донесе Одлука за вклучување на дел од тековната добивка за периодот 01.01-30.09.2024 година во пресметката на редовниот основен капитал на Комерцијална банка АД Скопје“, се вели во известувањето од Комерцијална банка.

НЕВИДЕН ЌАР! ПРОФИТ ОД 72 МИЛИОНИ ЕВРА, ја брка ли Комерцијална банка стотката?

Воедно, се наведува дека износот од 1.676.279.000 денари е утврден согласно Одлуката за методологијата за пресметка на адекватноста на капиталот и „ќе се вклучи единствено во пресметката на сопствените средства со состојба 31.12.2024 година, по добиена согласност од НБРСМ“.

Според објавата, „потребното зголемување на редовниот основен капитал на Комерцијална банка АД Скопје е во насока на поддршка на динамичниот кредитен раст во текот на 2024 година заради настојувањето Банката да ја задржи својата пазарна позиција во услови на зголемени конкурентски притисоци и континуираното зголемување на вкупните капитални барања пропишани од НБРСМ“.

Овие средства се издвојуваат од добивката во висина од 72 милиони евра, што Комерцијална банка ја постигна со работењето во периодот од јануари до септември. А, конечниот предлог за распределба на добивката за 2024, од Надзорниот одбор треба да произлезе најдоцна до февруари идната година. Потоа, за предлогот ќе одлучува Собранието на акционери.

КОМПАНИЈАТА ОД АВТОКОМАНДА СО ЗАВИДНИ РЕЗУЛТАТИ – одовде до Америка

Клучни зборови

  • дел од добивка
  • комерцијална банка
  • редовен основен капитал
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk