Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БанкарствоЛичен Развој

Комерцијална банка: СЕПА кредитните трансфери ќе се вршат преку новиот портал Интернет банка

6 окт. 2025 г.·2 мин читање·5106 прегледи

Следете не на Viber

Од утре, граѓаните и компаниите што ќе ги користат услугите на Комерцијална банка за реализација на СЕПА девизните трансфери, тоа ќе можат да го сторат електронски – преку новиот портал за Интернет банка https://online.kb.mk/. Исто така и на вообичаениот начин во експозитурите и филијалите на Банката.

Поради тоа што СЕПА плаќањата се новина која во нашата земја стартува од утре, од Комерцијална банка укажуваат на одделни битни елементи.

Пред сѐ, трансферите се извршуваат исклучиво во евра, и тоа кон земјите членки во СЕПА географскиот регион и кон банки регистрирани за СЕПА кредитни трансфери.

Терминскиот план за извршување на СЕПА кредитните трансфери со валута ист ден е 12 часот.

Дали една девизна трансакција ќе се изврши како СЕПА кредитен трансфер (за плаќање кон странство и за прилив од странство) е прашање на договор меѓу партнерите во зделката.

За СЕПА кредитните трансфери важи истата регулатива од доменот на платежните услуги и девизното работење како и за стандардните кредитни трансфери во странство што се извршуваат преку коресподентско банкарство.

Исто така, од Комерцијална банка посебно истакнуваат дека електронските налози за девизните СЕПА кредитни трансфери не се достапни на стариот портал (banka.com.mk), туку само на новата Интернет банка. Сите кои веќе пристапувале преку тој портал, на новиот ќе можат да се најават со истото корисничко име, лозинка и УСБ дигитален сертификат.

„Порталот banka.com.mk наскоро ќе биде деактивиран, а за да продолжите со користење на електронското банкарство со задоволство ве покануваме да се префрлите на порталот https://online.kb.mk. Новата Интернет банка е со модерен изглед и напредни функционалности и Ви овозможува лесно, брзо и напредно управување и контрола на вашите лични и деловни финансии“, информираат од Комерцијална банка.

Пристапувањето кон СЕПА за македонските граѓани и компании значи дека плаќањата ќе се вршат во евра и на сосема ист начин како и во државите од ЕУ. Значајно е што тоа обезбедува брзи, сигурни и поевтини трансфери.

Клучни зборови

  • девизни трансфери
  • Интернет банка
  • комерцијална банка
  • СЕПА
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk