Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Комерцијална банка подготвена за нови предизвици: Барањата на клиентите – на прво место

30 јан. 2023 г.·3 мин читање·1410 прегледи

Следете не на Viber

Неизвесно е во каков амбиент годинава ќе се одвиваат економските активности. Засега ништо не укажува на тоа дека претстои стивнување на турбуленциите на глобално ниво,кои се рефлектираат и кај нас, со што би имало и најмали шанси за раст на домашната економија. Сето тоа влијае врз планирањето на идните чекори на делување.

Од Комерцијална банка посочуваат дека и покрај се, подготвени се за преземање на сите неопходни мерки, со кои навремено ќе се прилагодат кон новонастанатите состојби. Првенствено се фокусираат на одржување на квалитетот на сопственото портфолио. При што менаџментот на Банката е во постојана потрага по соодветни флексибилни решенија со кои ќе се одговори на барањата од клиентите.

Ефикасното управување со трошоците, натамошната дигитализација на процесите и модернизација на деловната мрежа, прилагодувањето на деловните процеси согласно барањата на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, унапредувањето на доброто корпоративно управување и на практиките за одржлив развој…, се дел од зацртаните задачи, на чија реализација Комерцијална банка ќе работи во текот на оваа 2023. Што се однесува до состојбите кај корпоративното портфолио на Банката, оптимистички сметаат дека времените мерки кон одредени компании ќе бидат укинати, а и цените на енергенсите ќе дојдат до поволен, издржлив праг, што позитивно ќе влијае врз повторното активирање на производните капацитети.

Сепак, нагласуваат, високото ниво на неизвесност во домашната економија и на меѓународен план упатуваат на потребата од поконзервативен пристап во обликувањето на годинешните очекувања. Притоа, се имаат предвид проекциите од Народната банка, од ресорното Мистерство за финансии, од ММФ и Светска банка.

Инаку, во време кога е неблагодарно што било да се прогнозора, првичните очекувања се дека растот кај БДП ќе изнесува 2,6 проценти, а со поддршка од домашните фактори поврзани со најавените инфраструктурни инвестиции и инвестициите за проширување на капацитетите кај дел од извозниот сектор. Доколку поддршката биде послаба, може да се очекуваат и помали стапки на раст на БДП, при што ризиците околу проектираниот раст ќе зависат главно од надворешното окружување.

Се очекува макроекономската стабилност да се одржува со ценовната и со стабилноста на номиналниот девизен курс на денарот во однос на еврото, врелат од Комерцијална банка. Според проекциите на меѓународните финансиски институции, годинава би можело да се случи намалување на увозните цени, со што би спласнале и притисоците врз домашната инфлација, која треба да изнесува од осум до девет проценти. Исто така, врз инфлаторните движења ќе влијаат и државните мерки за субвенционирање на цената на електричната енергија за прехранбената индустрија, но и евентуалното затегнување на монетарната политика. Проекциите на Централната банка се дека годинава кредитниот раст ќе биде 7,1, а и кај депозитите – 6,5 насто. Од Комерцијална  велат дека банките ќе ги следат сигналите на НБРСМ во однос на затегнувањето на монетарната политика и соодветно ќе ги корегираат каматните стапки на депозитите и кредитите.

Сепак, треба да се напомене дека и во голема криза, каква што беше присутна во текот на целата 2022 година, Комерцијална банка постигна завидни резултати: нето добивка од 35 милиони евра, од каматите, провизиите, надоместоците и курсните разлики остварени се приходи од 90 милиони евра, а депозитите се на ниво од 2,2 милијарди евра. Податоци кои доволно кажуваат за работењето на Банката, за довербата од страна на граѓаните и фирмите, како и за нејзината улога на банкарскиот пазар во Македонија.

Редакција Пари

Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.

Клучни зборови

  • комерцијална банка
  • очекувања на менаџментот
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk